написи : Македонија : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Како трајно да се реши проблемот со злоупотребата на владините возила?

Ја поздравувам идејата за ставање под контрола на злоупотребата на државните возила, но се чини дека предложеното решение нема да ги постигне очекуваните резултати. Погледнете го следното видео на 360 Степени, доколку не сте во тек. Сметам дека решението, кое меѓу другото, вклучува и промена на боите на регистарските таблички, всушност не е никакво решение. […]

Никој не ја чисти од снег улицата 1558 во Радишани

Документирам, за да остане забележано колку локалната власт во општина Бутел на чело со градоначалникот Петре Латиновски, се однесува неодговорно, кога на граѓаните им е најпотребна. Денес решив да се јавам и да пријавам дека откако наврна последниов снег и температурите се спуштија мноoогу под нулата, на улицата 1558 во Радишани ниеднаш не е фрлено […]

Книги со поими – Миланка и Лазо Средановиќ, 1983 г.

Расчистувајќи низ подрум, најдов две интересни илустрирани детски сликовници од 1983 година, од првото издание „Книги со поими“ на Душанка Кољевиќ, Славојка Блечиќ и Томислав Ракочевиќ, а илустрирано од Миланка и Лазо Средановиќ. Уредник и стручно мислење: Војин Анчиќ. Заедничко издание: ИРО „Вук Караџиќ“ – Белград, НИШРО „Дневник“ – Нови Сад и НИШРО Вараждин. За […]

Џиновска сликовница „АБВ“ – Дарко Марковиќ, Оливера Николова, Скопје 1987

Кога јас бев дете, многу популарна беше „Бушава Азбука“ и сѐ што доаѓаше со неа. Дарко Марковиќ и Оливера Николова своевремено имаат изработено фантастична илустрирана џиновска сликовница „АБВ“, којашто се плашам дека речиси сигурно оди во заборав. За тоа да не се случи набрзо, еве ја во прилог на овој напис за слободно прегледување, а […]

Без наслов, но со повод

Што всушност заштитуваат симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и луѓето што се нивни поддржувачи во т.н. политичка криза во Република Македонија? Дали е тоа некаква си зона на комфорот во којашто се чувствуваат сигурни или пак, можеби, скриена желба, еден ден и ним да им се укаже приликата да бидат, моќни како нивниот лидер? Секако, ова второто […]

За паушалните сметки за електрична енергија на ЕВН Македонија (EVN Macedonia)

Сметката за електрична енергија што ЕВН Македонија (EVN Macedonia) ни ја испорача за февруари-март, 2015 е околу 6.300 денари. Во сметката нема ништо спорно, освен што е за околу 12.000 денари пониска од претходната. На што се должи оваа огромна разлика? Не знам. Сепак, за мене огромната разлика е јасен показател дека сметките за електрична […]

Ѓубре, Радишани, ЈП Комунална хигиена – Скопје, 2015 г.

2015 година е. Во Радишани, на ул. 1558 сѐ уште мака-мачиме со вработените на јавното претпријатие Комунална хигиена – Скопје. Тие неколку пати во неделата поминуваат за да го соберат ѓубрето од околните куќи, но начинот на кој што го прават тоа е крајно несоодветен, создава проблеми и незадоволство. Вработените на ЈП Комунална хигиена – Скопје […]