написи : Македонија : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Прирачник за изработка на бизнис план

Во моментов читам „Прирачник за изработка на бизнис план“ од Ѓорѓи Рафајловски и би сакал да го препорачам на сите што сметаат дека имаат потреба од вакoв тип на литература на македонски јазик. <овде беше вгнездена верзија од книгата на Scribd /> Ќе се (обидам да се) воздржам од коментари во врска со тоа колкав […]

Компромис

Навистина не ми е јасно, зошто зборот компромис има толку голема тежина за македонските граѓани? Па, решив да истражам… Еве како Wikipedia го дефинира компромисот: To compromise is to make a deal where one person gives up part of his or her demand. In arguments, compromise is a concept of finding agreement through communication, through […]

Преземање слики од МakFax

MaxFax користи чудна техника за да го оневозможи прикажувањето на трајните врски до сликите од нивниот веб-сајт. Ако се обидете со десен клик и „View Image“ на било која слика, да ја отворите сликата во нов таб, нема да успеете. Наместо да бидете пренасочени кон новиот таб и во него да биде прикажана сликата што […]

1 кабел – минимум 8 часа

Уште една викенд екскурзија со EVN Македонија. Овој пат, повод беше (како што ме информираа од EVN) изведувањето на градежни работи од некоја компанија, при што бил оштетен 10 киловатен кабел на EVN. Се чекало на полицијата да направи записник, па да се почнело со исправката на дефектот. Струја снема околу 10:30 часот. Околу 12 […]

#ucebnik

Дечки и девојки, што многу знаете да продавате памет по Твитер и останати социјални мрежи. Следниот пат, кога ќе се случи сличен испад како овој со учебникот за петто одделение (а, ќе се случи), помислете каде навистина треба да го инвестирате Вашиот интелект. Наместо да презирате малограѓанштина, соочете се со неа. Засукајте ракави и повратете […]

WordPress 3.0 на македонски јазик

Би сакал да искажам јавна критика на последната надградба на македонскиот превод за WordPress. Не знам од кои причини, авторот на последниот превод внесува радикални измени во локалето и во целост ја занемарува работата на претходните преведувачки тимови, што со години придонесувале за локализацијата на WordPress. WordPress Македонија е проект започнат на 15. Јануари, 2010 […]

Зошто никогаш повеќе нема да купувам во Anhoch?

Денеска бев доведен во ситуација да се расправам со ценетата госпоѓица рецепционерка во сервисот на Anhoch, затоа што очигледно го погодив денот кога нејзината суета расте како квасец. Го погодив денот кога таа пали и гасне! Спорно за мене беше тоа што, телефонски ми беше кажано дека можно е компјутерот да го донесам на сервис […]