написи : Македонија : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


10 години Баланс

Вчерашната роденденска прослава на Баланс, за мене беше тешко изводење. Слават роденден, а ставиле влез 200/250 денари и цена на пиво од 130 денари за лименка!!? Абе, колку сакате години славете, ништо од тоа што (наводно) сте го сработиле не ви вреди, зашто недвосмислено покажувате дека воопшто не ви е гајле за публиката, на која […]

CableFail

Како е возможно, да треба да потпишам изјава дека не сакам да бидам корисник на CableTel, ако никогаш претходно не сум бил корисник на CableTel? Или некој е многу глуп во CableTel или луѓето откриле фин начин да придобијат корисници. Како откажан корисник на услугите на локалната кабелска телевизија „ТВ Медија“, која пред извесно време […]

RMS во Скопје – 3 јуни 2010

Еве неколку од моите фотографии од настапот на Richard Stallman. Штета што на панорамата (на крајот) има неколку грешки. Сепак, воопшто не очекував дека ќе биде можно фотографиите да се спојат, од причина што публиката (нормално) постојано се движеше додека фотографирав. Ама, ги спои, верувале или не, Microsoft ICE (Hugin и Adobe Photoshop CS5 даваа […]

Стечаен сообраќај

Вчерашната драматична изјава на овој господин и општото однесување на „граѓаните“ на протестот на стечајците се за секаков прекор. Како не разбирате дека со тоа што денес попречувате нечие право, одобрувате во иднина истото право да ви биде вам попречено? Кога човеков вели: „Јас за тоа господине не сум крив што вие немате пари!“ покажува […]

Викенд 08090510

Да си го документирам викендов… Благодарение на T-homе, ова беше еден од оние викенди што не ги поминувам пред компјутер. Зошто благодарение на T-home? Па, бидејќи почнувајќи од 12 часот во сабота, 8 мај 2010 год., па сè до вечерта во недела, 9 мај 2010 год. (т.е. до пред малку) имав сериозни проблеми со телефонската […]

Модерни системи за поскапи услуги

Модернизацијата на системот на услуги на компанијата EVN Македонија е последната голема глупост што помина премолчена од заспаните македонски новинари. Досега не сретнав некои посериозни реакции на оваа тема на блогосферава, па во продолжение ќе се обидам да објаснам зошто модернизацијата на EVN Македонија е државно одобрен грабеж. Да почнам од најочигледните работи. EVN Македонија: […]

Македонските телевизии на Интернет се #mkfail

A1 на Интернет е #mkfail затоа што: често објавува вести што содржат неточни информации; често објавува вести што се шпекулации; често објавува нелекторирани текстови, со печатни грешки дури и во ударните наслови; користи Windows Media Player за видео прилозите од вестите; не нуди можност за прегледување на емисии од сопствената продукција (освен за Студио 2 […]