написи : Македонија : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Дај 10% покажи 28,2% – Vip

Интересен пропуст е направен на последната реклама на мобилниот оператор Vip. Имено, на рекламата на сликовит начин е прикажана дополнителната вредност на кредит што ја добивате доколку се решите да користите т.н. е-ваучер за дополнување. Но, визуелната репрезентација е математички некоректна, како што и може да се види од приложената слика. На овој начин гледачот […]

Стечајни денови

Денес на вести се изнагледав возрасни луѓе што имаат изгубено многу во животот, од истата држава за која го дале животот. Некој дал повеќе, некој помалку. Важно е што сите на свој начин учествувале во градењето на ова вечно настинато општество. И сигурен сум дека да знаеле како да го оздрават, одамна ќе го направеле […]

Како да стекнете нови купувачи во услови на криза?

Денес сите имаат некаков изговор да не потрошат пари и да го одложат купувањето на што и да било. Сите штедат затоа што има економска криза. Штедењето ја отежнува продажбата и делува немотивирачки на трговците. Но, доколку мислите се насочат во позитивен правец, оваа криза може да се искористи за стекнување на цврсти врски со […]

Против EVN 2

Вчера, по 19 часот и 30 минути, па се до 4 часот наутро, повторно немаше струја во Радишани. После уникатното искуство што EVN ни го приреди минатиот викенд, за ова можам да кажам дека беше „гола вода“. Што се 8 и нешто часа без електрична енергија?

Електрична заработувачка

Со последната сметка за електрична енергија стигна и едно соопштение, во кое EVN го најавува последното поскапување на електричната енергија и меѓу другото, појаснува колкав дел од заработувачката од наплатата на сметките за електрична енергија останува во рацете на компанијата. Ако овие информации се точни, тогаш јасно е дека државната компанија ЕЛЕМ има најголема корист […]

Mакедонската архитектура го оформила Барокот

Понекогаш си велам, добро види се, колку малку познавања имаш за културата на сопствената земја. Во тие моменти, доволно е да прочитам или изгледам МАКЕДОНСКИ вести и да расчистам со дилемите. Не сум јас тој што нема познавања, туку македонските експерти секојдневно прават брејк-тру во своите области, па едноставно ми треба ажурирање. Понекогаш немам ни […]

Против EVN

Денес, во дел од Радишани немаше струја од околу 8 часот наутро, до 23 часот. Остварив 4 повици кон EVN. Првиот пат ми најавија дека се работи за сериозен проблем. Вториот пат ме излажаа дека до 18 часот проблемот ќе биде решен. На третото јавување ми рекоа дека само што им јавиле дека проблемот ќе […]