написи : Македонија : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Јавно здравство 2010

Користењето на услугите од јавното здравство во нашава држава е како со сила правење на будала. Не се за џабе кажани сите критики за нефункционирањето на системот, што во денешно време може да се слушнат од вистински и самонаречени експерти и од обични граѓани. Денес, еден човек раскажа во што се состои неговиот проблем. Примен […]

Врти, сучи, бучи

Не се согласувам со актуелното барање на македонските медиуми. Ќе речам, дека е испад, основан на незнаење и неразбирање на придобивките од новите технологии. Ќе речам дека е обид за наметнување на правила на однесување. Ќе речам и дека е во согласност со актуелниот тренд на промовирање на едноумие и бирократија во Република Македонија. Агрегаторите […]

Чаирска гимнастика

Почитувани сограѓани на оштина Чаир, Ве молам, научете дека: десната лента од коловозот не служи за паркирање на возила; десната лента од коловозот не служи за претекнување; во левата лента од коловозот не се движат автомобили што ги управуваат малоумни, мрзеливи и плашливи сограѓани, туку напротив, сограѓани кои избираат да не бидат дел од тензијата […]

Arve Henriksen и Jon Hassell на SJF 2009

На четвртата вечер од Skopje Jazz Festival 2009 поминав одлично! Arve Henriksen (и Jan Bang) и Jon Hassell се навистина врвни уметници. Нивните настапи беа во секој поглед уникатни доживувања, за кои вреди да се плати. Задоволен сум што не ги пропуштив. На крајот од вечерта, појдов и на настапот на Chico Pinheiro e Banda […]

The Skopje Connection

Само што се вратив од првата вечер на Скопскиот џез фестивал. Ги слушав The Skopje Connection – трио составено од Георги Шарески, Џијан Емин и Лука Аквино. Поминав одлично! Албумот „AmAm“ имав прилика убаво да го ислушам пред настапот и морам да напоменам дека станува збор за врвно издание. Ме потсетува на мелодиите на Chet […]

Едубунту

Само што имав прилика да ја погледнам првата емисија од проектот „Едубунту“ на ФОН Универзитет (МТВ1 – 10:30 и 14:30 | МТВ2 – 9:30 и 13:00). Не ми е јасно, зошто проектот е толку евтино продукциски изведен? Не ми е јасно ни, како Министерството за информатичко општество воопшто исплатило средства за олку несериозен проект? Емисиите […]

Фибула

Доколку некогаш имате потреба од туристички аранжмани за Египет, во никој случај немојте да помислите на туристичката агенција „Фибула“. Не верувам дека состојбата во останатите туристички агенции во Македонија е драстично поразлична, но бидејќи услугите на „Фибула“ лично ги искусив, за нив и ќе пишувам. Што може да ви понуди „Фибула“? лаги; недоречености; празни ветувања; […]