написи : Македонија : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Прилогот „сè“

Гледам дека на планетава упорно се греши при пишувањето на „сè уште“, па да потсетам… Не е „сеуште“ туку правилно е „сè уште“! Тоа е една од правилните употреби на правописниот знак „надреден знак“. Надреден знак ( ` ) се става над самогласката е во кратката заменска форма нè (тој нè виде нас) и во […]

Фолтин @ МНТ Летна сцена 10.07.2008

Одличен настап! Одлична забава! Фолтин се сè подобри во тоа што го прават. Еве ја и мојата скромна галерија…

Blues & Soul Festival (Скопско Лето ’08)

Со оглед на тоа што претходно немам посетувано вакви настани, не можам да ја направам разликата помеѓу годинешното и изданијата на Blues & Soul Festival од изминатите години, но затоа пак можам да ги разликувам двете одделни вечери во кои се одржаа планираните настапи од Blues & Soul Festival 2008. Втората вечер беше во целина […]

Firefox 3 забава @ Точка 18.06.2008

Во рамките на објавувањето на Firefox 3, Слободен софтвер Македонија и македонскиот тим за локализација на Mozilla, на 18ти јуни со почеток од 20:00 часот организираат забава во културниот центар Точка. Ден порано, истиот настан се оддржува низ илјадници градови во целиот свет. Преземете го Firefox 3 утре и учествувајте во поставувањето на гинисов светски […]

Да се знае!

Сосем случајно, на мојот омилен веб-сајт за тепање време. АТ Компјутери – Кичево нè проби! Патем, јас не сум тој Гоце… :D Врска до оригиналната страница

Ubuntu Title на кирилица

Конечно ја завршив кириличната верзија од оригиналниот Ubuntu фонт (typeface). Преземањето е можно овде или со клик на сликата. Ubuntu-Title е објавен под LGPL, па истото важи и за кириличната верзија од фонтот. Патем, денес видов дека дополнително се објавени различни верзии од оригиналниот фонт на официјалната страница, па понатаму може да се очекуваат и […]

Ubuntu 2.0 на македонски

Еве ја и локализираната верзија од мојата претходна позадина за Ubuntu. Се надевам дека ќе биде од корист. Во моментов работам на кирилична верзија од официјалниот фонт на Ubuntu, па за некој ден и тоа ќе следува…