написи : Македонија : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Зошто студентите со право протестираат против државниот испит и не треба да престанат

Кратко и јасно: затоа што пристапот на решавање на „проблемот“ со неквалитетното образование е погрешен. Прашање е дали навистина има проблем со квалитетот на образованието во Македонија. Ако образованието е неквалитетно, за тоа најмалку се виновни студентите. Студентите го учат тоа што им е предадено и разликата секако е во начинот на кој што знаењето […]

Моментот кога ќе најдеш свој дизајн на постер, на сајтот на Игор Иванов – Изи

Вчера, случајно го фатив режисерот Игор Иванов – Изи на Канал 103, како зборува за некои од неговите филмови. Ми текна да побарам некои информации за еден негов филм, па го посетив неговиот веб сајт. Разгледав наоколу и стигнав до секцијата за ТВ-реклами. Таму, за некоја реклама што Изи ја работел за фестивалот Браќа Манаки, […]

Blizoo ја блокира портата бр. 465 на својата мрежа [писма од читатели]

Немав претстава дека Blizoo го пренасочува сообраќајот од портата бр. 465 (SMTPS) на својата мрежа. Ако добро сум го разбрал Петар, сообраќајот од динамичките IP-адреси се спроведува преку преку портата бр. 25 низ серверот smtp-relay.cabletel.com.mk што, практично, ги одзема придобивките од користењето на SMTPS. Здраво Гоце, Би сакал да те запознаам со неколку работи за […]

Што треба да знаете за TOTAL, а во One нема да ви кажат

Да ми кажеше некој за овие работи, веројатно немаше да склучам договор со One на 24 месеци. #BadLuckМакедонец за мене, информации за сите останати: Ако склучите договор на крајот од месецот, во сметката за следниот месец ќе ви биде наплатена претплатата за првиот месец од TOTAL. Да, претплатата се наплатува однапред и кога прашав во […]

Колку пари е билет за „Огнени јазици“?

Направив резервација и одам да ги подигнам билетите за „Огнени јазици“ во НУ Драмски Театар – Скопје. Продавачот ми вели 560 денари. Му давам пари и чекам кусур. Ми враќа кусур и не ми дава фискална сметка. Му барам фискална сметка и прво ми дава изговори од типот: сега, само да не ми се смешаат […]

Замрзнати пилешки копанчиња во захевтана кеса

Вчера купив замрзнати пилешки копанчиња во Гиго-Трејд, во Радишани и сабајлево моите ми велат, оди врати ги, проверивме, поминат им е рокот. Проверувам, вистина. Чудно ми падна што пакувањето со копанчиња беше захевтано, а не трајно затворено. Тоа не го забележав претходниот ден. Одам да ги вратам и ѝ се обраќам на една од вработените. Ѝ […]

The Macedonian Economy – NIP Nova Makedonija, 1970

Средувајќи стари работи низ дома, случајно најдов една книга за македонската економија во 70-тите години од минатиот век — The Macedonian Economy. Книгата е издание на НИП Нова Македонија од повеќе автори. Oбјавена e со содржина на англиски и на руски јазик. Во краткиот вовед стои: This publication provides information about the Macedonian economy as […]