написи : Македонија : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


М’рсул на сликање

Тууу… што народ! :/ Одам да се сликам за лична карта, седнувам на столчето за сликање, случајно допирам еден страничен дел од столчето и верувале или не закачувам на нечиј ТАЗЕ ИЗВАДЕН, СÈ УШТЕ ВЛАЖЕН, М’РСУЛ!

Како најчесто се создава гужва во скопскиот сообраќај?

Колку повеќе се зголемува бројот на возилата во Скопје, толку потешко станува движењето низ градот со автомобил. За да бидат работите уште понеподносливи, огромен дел од возачите и самите ги отежнуваат околностите во кои се одвива сообраќајот, непочитувајќи ги сообраќајните правила, на коишто инаку се согласиле во моментот кога ја земале својата возачка дозвола. Еве […]

Забава за Mozilla Firefox 4

Доколку ја пропуштивте забавата за четвртата верзија на интернет прелистувачот Firefox, еве можност да видите како помина. Видете ги и фотографиите на Новицa, како и оние на Мозила Македонија.

Сликовит приказ на балканската транзиција

Мислам дека, подобра слика на балканската транзиција досега немам видено на ниеден друг сериски филм, како што имам видено на „Vratice se rode“. Не сум се сетил порано да го споделам ова со вас, но еве се сетив сега. Премотајте го првиот клип до 4.44 и погледнете. Ете ги сите „зафатени“ политичари, визионери, преродбеници, инвеститори… […]

ЗАМП – Музиката не е бесплатна

Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП има нова телевизиска кампања за промоција на почитувањето на авторските права. Зад слоганот „Музиката не е бесплатна“, ред се редат „реномирани“ музичари од Република Македонија, што би требало на обичниот човек да му појаснат, зошто тој би требало да плаќа, за да ја слуша нивната музика […]

Музика од Драган Ѓаконовски – Шпато

На Скопје 2011 – фестивалот на кој Македонија го избра својот евровизиски претставник, на Драган Ѓаконовски – Шпато, постхумно му беше доделена Награда за посебен придонес и ангажман. Но, тоа беше направено толку мизерно, што едноставно ќе беше подобро никој да не го спомнеше Шпато, во контекстот на циркузот на фестивалот. Оливер го спомнува Шпато […]

360 Macedonia – панорамски фотографии од Македонија

Ако некој ваш пријател или пријателка од странство, некогаш побара за кратко време да му ја претставите Република Македонија како туристичка дестинација, можеби најсоодветно е да го насочите кон „360 Macedonia“. Веројатно за многумина веќе добро познат, овој веб-сајт овозможува пристап до високо-квалитетни интерактивни панорамски фотографии од познати и не толку познати локации во Република […]