написи : музика : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


ЗАМП – Музиката не е бесплатна

Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП има нова телевизиска кампања за промоција на почитувањето на авторските права. Зад слоганот „Музиката не е бесплатна“, ред се редат „реномирани“ музичари од Република Македонија, што би требало на обичниот човек да му појаснат, зошто тој би требало да плаќа, за да ја слуша нивната музика […]

Музика од Драган Ѓаконовски – Шпато

На Скопје 2011 – фестивалот на кој Македонија го избра својот евровизиски претставник, на Драган Ѓаконовски – Шпато, постхумно му беше доделена Награда за посебен придонес и ангажман. Но, тоа беше направено толку мизерно, што едноставно ќе беше подобро никој да не го спомнеше Шпато, во контекстот на циркузот на фестивалот. Оливер го спомнува Шпато […]

10 години Баланс

Вчерашната роденденска прослава на Баланс, за мене беше тешко изводење. Слават роденден, а ставиле влез 200/250 денари и цена на пиво од 130 денари за лименка!!? Абе, колку сакате години славете, ништо од тоа што (наводно) сте го сработиле не ви вреди, зашто недвосмислено покажувате дека воопшто не ви е гајле за публиката, на која […]

Arve Henriksen и Jon Hassell на SJF 2009

На четвртата вечер од Skopje Jazz Festival 2009 поминав одлично! Arve Henriksen (и Jan Bang) и Jon Hassell се навистина врвни уметници. Нивните настапи беа во секој поглед уникатни доживувања, за кои вреди да се плати. Задоволен сум што не ги пропуштив. На крајот од вечерта, појдов и на настапот на Chico Pinheiro e Banda […]

The Skopje Connection

Само што се вратив од првата вечер на Скопскиот џез фестивал. Ги слушав The Skopje Connection – трио составено од Георги Шарески, Џијан Емин и Лука Аквино. Поминав одлично! Албумот „AmAm“ имав прилика убаво да го ислушам пред настапот и морам да напоменам дека станува збор за врвно издание. Ме потсетува на мелодиите на Chet […]

Eagle vs Shark

Eagle vs Shark е првиот долгометражен филм на Taika Cohen – познат и многу наградуван режисер на кратки филмови. Eagle vs Shark ме воодушеви со својата едноставност и ненаметливост. Силно препорачан за оние што сакаат да видат повеќе, а да чујат помалку во еден филм. И обратете внимание на моментот со хакерот. Да полудиш! :D […]

Pidgin 2.5 FTW

Денес е објавена нова верзија од Pidgin. Pidgin 2.5 е едно од најзначајните изданија досега. Доаѓа со долга листа на подобрувања и неколку долго очекувани карактеристики. Со Pidgin 2.5 добивме: поддршка за офлајн пораки во MSN менаџер за смешковци (а со тоа и можност за додавање и употребување смешковци по избор) автоматско намалување на огромни […]