написи : настани : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Првите писма за Мартин Нешковски се испратени

Нè имаше во мал број, но нè имаше! Повеќе информации за ова, очекувајте наскоро кај Новица.

Алфи, Даниел, убиство, избори, полиција, медиуми…

Просто неверојатно! Истите медиуми што деноноќно чекаат сензации и скандали за да ги филуваат за свои потреби, одеднаш решаваат да молчат и да не известуваат за потенцијално убиство?! Курир, МТВ, Сител, Канал 5… заспавте?! Дејствувањето на политичките партии не завршува ден после изборите. Каде е сега борбата за слобода, соборувањето на режимот, „уривањето“ на диктаторот? […]

Бизнис на македонски начин со „Message“

Работењето со маркетинг-агенции има свои предности и маани. Една од предностите е дека, како самостоен дизајнер, вие нема да треба да се грижите за комуникацијата со крајниот клиент и дека тоа ќе ѝ биде препуштено на самата агенција. Таа ќе се јави во улога на посредувач помеѓу вас, како извршител на сегмент од проектот или […]

Музика од Драган Ѓаконовски – Шпато

На Скопје 2011 – фестивалот на кој Македонија го избра својот евровизиски претставник, на Драган Ѓаконовски – Шпато, постхумно му беше доделена Награда за посебен придонес и ангажман. Но, тоа беше направено толку мизерно, што едноставно ќе беше подобро никој да не го спомнеше Шпато, во контекстот на циркузот на фестивалот. Оливер го спомнува Шпато […]

Центар на моќ = корупција

Луѓе, централизирањето на моќта и властта секогаш резултира со корупција. Колку е помал бројот на лица што носат определени, да ги наречеме, важни одлуки, толку се поголеми шансите да се влијае на носењето на тие одлуки. Ако јас, Петко и Станко раководиме со Управата за јавни приходи и дојде Вангел – сопственик на обложувалница, да […]

10 години Баланс

Вчерашната роденденска прослава на Баланс, за мене беше тешко изводење. Слават роденден, а ставиле влез 200/250 денари и цена на пиво од 130 денари за лименка!!? Абе, колку сакате години славете, ништо од тоа што (наводно) сте го сработиле не ви вреди, зашто недвосмислено покажувате дека воопшто не ви е гајле за публиката, на која […]

The Graphs 2

По речиси двонеделен интензивен ангажман ја завршив втората верзија од „The Graphs” и изработив посебна страница на која отсега па натаму ќе бидат достапни сите наредни верзии од оваа бесплатна колекција на графици. На почетокот… Уште кога почнав да ја работам првата верзија од „The Graphs“, идејата ми беше да направам што е можно повеќе, […]