написи : отворен код : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


CAS за џабе

Content-aware scaling е една од новините во Photoshop CS4 со кои Adobe особено се гордее. Зад технологијата се крие мошне корисна можност за интелигентно менување на димензиите на дигитални фотографии без растегнување т.е. без дисторзирање на нивната содржина. Не велам дека технологијата е преценета, ама многу се радувам што веќе има бесплатно решение за проблемот […]

Pidgin 2.5 FTW

Денес е објавена нова верзија од Pidgin. Pidgin 2.5 е едно од најзначајните изданија досега. Доаѓа со долга листа на подобрувања и неколку долго очекувани карактеристики. Со Pidgin 2.5 добивме: поддршка за офлајн пораки во MSN менаџер за смешковци (а со тоа и можност за додавање и употребување смешковци по избор) автоматско намалување на огромни […]

Firefox 3 забава @ Точка 18.06.2008

Во рамките на објавувањето на Firefox 3, Слободен софтвер Македонија и македонскиот тим за локализација на Mozilla, на 18ти јуни со почеток од 20:00 часот организираат забава во културниот центар Точка. Ден порано, истиот настан се оддржува низ илјадници градови во целиот свет. Преземете го Firefox 3 утре и учествувајте во поставувањето на гинисов светски […]

Ubuntu Title на кирилица

Конечно ја завршив кириличната верзија од оригиналниот Ubuntu фонт (typeface). Преземањето е можно овде или со клик на сликата. Ubuntu-Title е објавен под LGPL, па истото важи и за кириличната верзија од фонтот. Патем, денес видов дека дополнително се објавени различни верзии од оригиналниот фонт на официјалната страница, па понатаму може да се очекуваат и […]

Ubuntu 2.0 на македонски

Еве ја и локализираната верзија од мојата претходна позадина за Ubuntu. Се надевам дека ќе биде од корист. Во моментов работам на кирилична верзија од официјалниот фонт на Ubuntu, па за некој ден и тоа ќе следува…

Ubuntu 2.0

Уште една прилично едноставна и чиста позадина за работна околина на тема Ubuntu. Убаво стои. Па пробајте ја… :) Во меѓувреме се случи и подобрeната Hardy Heron Aurora, а посебно ми е драго што е сè погледана и попреземана. Трудот не бил залуден. :)

Hardy Heron for the masses

Ова е мојот придонес за најновото издание на Ubuntu – Hardy Heron. Инспирација: MacOS Aurora. Претпоставувам дека ќе има и втора верзија од оваа позадина. Честитки за изданието и само напред. :)