написи : отворен код : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


FL Studio 8 воведе Ogg

Интересен податок. Со осмата верзија на популарниот аудио секвенцер (и многу повеќе од тоа) FL Studio, доаѓа можноста за директно извезување на сработените песни во отворениот Ogg аудио формат. Ова не е којзнае колку голем чекор, но сепак е за поздравување, иако лично сметам дека ќе имаше многу поголема смисла Image-Line да си го фатеа […]

Надградби за Pidgin и Inkscape

Денес, покрај останатите убави работи што ги слушнав имав прилика да дознаам дека има нови верзии од Inkscape и Pidgin. Во Inkscape 0.46 има еден тон новини, додека Pidgin 2.4.1 е вообичаено bugfix издание со неколку не толку забележливи промени. Еве што му се случи на Inkscape: Paintbucket tool Tweak tool 3D Box tool Live […]

Magento 1.0

Објавена е првата верзија од Magento – ново професионално open source решение за електронска трговија. Magento е во развој од поодамна и помина низ многу фази, сепак финалниот производ е супер-применлив. Повеќе информации и демонстрација на официјалниот веб-сајт. Македонија е веќе заведена на листата за локализации, а моменталниот статус на преведеност е 0% (4072 стрингови). […]

Big Buck Bunny

Вчера беше објавен првиот трејлер за новиот отворен анимиран филм на фондацијата Blender, наречен „Big Buck Bunny“. За видео со повисок квалитет појдете овде. Инаку анимираниот филм, треба да биде објавен во април годинава. За оние што не знаат „Big Buck Bunny“ е краткометражен анимиран филм во целост изработен со помош на софтвер со отворен […]

Најкул во ГНУ/Линукс, го нема во Windows и на Mac!

Навистина интересен запис и дискусија. Блогерот дава одговор на прашањето: Која е најкул работа што можеш да ја правиш користејќи ГНУ/Линукс, а не можеш во Windows или на Mac? Да го надградиш оперативниот систем со најновата верзија легално и без да треба да плаќаш пари Најновата верзија од оперативниот систем да работи побрзо од претходната, […]

Јумла 1.5

Многу новости, многу промени… сè на сè, одлично издание. Подготвив една галерија од инсталацијата набрзинка. Честитки за изданието и само напред. :)

За "MAC" или "PC"?

Има еден релативно глупав веб-сајт кој често го посетувам кога ми е здодевно и обично успева да ми потроши најмногу 5-10 минути од досадата, но денес за прв пат се фатив себеси како всушност читам нешто на Inethouse. Некој корисник решил по 4 години да го надгради компјутерот, па бара мислење од останатите корисници дали […]