написи : отворен код : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Wow, wow, wow…

Сè до денес мислев дека Beryl е всушност скршена технологија, веројатно затоа што никако не ми успеваше да го проработам како што треба… Ама ова што имав прилика да го доживеам откако го инсталирав „Compiz Fusion“, е многу тешко-објасниво со зборови. „Compiz Fusion“ е благослов, привилегија, финта, финеса, помош, занимација… но во никој случај не […]

Време за Gutsy Gibbon

Следното Ubuntu следува во октомври годинава и од информациите до кои стигнав, ќе има многу новини. Како една од најглавните е интегрирањето на „Compiz Fusion“ во дистрибуцијата (ова е од вчера), и неговото назначување за основен генератор на работната околина, за системите што располагаат со соодветен хардвер. За послабите конфигурации сѐ уште ќе си постои […]

Сешто

Конечно си го средив блогов; Му се предадов на Ubuntu; Привремено го откажав Beryl; Најдов лек за проблематичниот div (clear:both) во Blogger; Научив еден начин како се увезуваат емоции на Blogger блог; Се врзав за Pidgin; Научив дека најновите драјвери на Nvidia под Ubuntu 7.04, подобро работат доколку е исклучена опцијата „Sync To Vblank“ и […]

Проект „Праска“

По огромниот успех на „Elephants Dream“, фондацијата Blender е иницијатор за уште еден отворен филмски проект. Повторно, најдобрите Blender 3D уметници ќе бидат поканети да работат на новиот анимиран филм, во периодот од октомври 2007 до април 2008 година, а ќе им бидат покриени сите трошоци за патувањето и престојувањето во Амстердам. И после немало […]

Blender 2.44

Верзијата 2.44 ми станува некако особено омилена, веројатно заради поимот „Surface Scattering“. Убавини му се случуваат на Blender во секоја нова верзија. Дел од нив овде. Blender одамна веќе не е алтернатива, на што сум особено радосен. Честито 2.44!

„Firefox“ моливчиња

Зад сликата стои how-to. Многу интересно :)

Flex се отвори

Adobe Flex (поточно Flex SDK) од вчера е open source и тоа под Mozilla Public License. Баш се изненадив. Cè тука.