написи : отворен код : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


100k за „Joomla!“

Со вкупно 100,000 регистрирани валидни корисници форумот на „Joomla!“ е официјално најголемиот Open Source CMS (Content Management System) форум на планетава! Нешто сум преокупиран со Joomla! во периодов па случајно ми забоде очи веста на насловната. Честитки :)

На „ShipIt“… „Fiesty Fawn“

На 8 дена пред официјалната промоција ShipIt прифаќа нарачки за Ubuntu Fiesty Fawn. Бујрум :)

И официјално

Здраво на сите :) Се надевам дека со своите содржини позитивно ќе допринесам за планетава. Почнав со 3 објави одеднаш, а којзнае со колку ќе завршам ;)

… до Firefox 3

Што сè треба да се случи, пред Firefox 3 и официјално да биде објавен? алфа 4, до крајот на април алфа 5, до крајот на мај алфа 6, до крајот на јуни бета 1, во јули бета 2, во септември официјална верзија, октомври/ноември 2007 Претстојат навистина интересни опции. Да се надеваме дека ниедна од нив […]

Seven it is

Последната позадина што ја направив за занимација. Достапна е на deviantART во сите најпопуларни графички резолуции и изгледа фино на големи, а особено е оптимизирана за LCD монитори. Не сум ставил дури ни копирајт ;). Seven It Is by ~monsteer on deviantART

Brief 0.5.1

Конечно си најдов саглам RSS читач за Firefox. Се вика Brief, објавен е на 27 февруари 2007 и Sage може вода да му носи. Има прекрасен интерфејс, го користи матичниот начин на известување на Firefox и што е најважно брз е како струја (како и да биде ова сфатено :) ). Нуди дузина издржани нагодувања, […]

Mixxx 1.5

Open source одговорот на екстра комерцијалните софтверски апликации за DJ-и се вика Mixxx. Mixxx е првиот повеќе платформски open source миксер, наменет за аматерите, но исто така и за професионалните DJ-и. Располага со најголем дел од функциите на комерцијалните апликации така што нема многу пречки тој да стане достојна замена за скапите виртуелни DJ студија. […]