написи : политика : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Пропуст во Рамковниот договор

Цитат од „Пропуст во Рамковниот договор“ на Џејсон Мико: Сега, сите знаеме дека ДУИ го форсира веењето на албанското знаме пред локалните избори за да му покаже на своето гласачко тело дека тие се „поголеми Албанци“ од другите албански етнички партии. И, според медиумските извештаи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во еден говор изјавил: „Ова […]

Симболите, јазиците, ДУИ и Охридскиот рамковен договор

Република Македонија е мултиетничка држава, а не држава на два етникуми. Во последно време, произволното толкување на Охридскиот рамковен договор создава навистина големи проблеми во работата на институциите и создава нетпреливост помеѓу припадниците на различните етнички заедници – главно помеѓу Македонците и Албанците. За симболите и знамињата Со поставувањето на албанското знаме во Кичево, ДУИ […]

Прашања до РКЕ заради укинувањето на евтината струја

Извадоци од соопштението за јавност од 3 август 2012 год. Реголаторната комисија за енергетика на Република Македонија енергично и во целост ги отфрла обвинувањата на политичката партија СДСМ. Во својата работа РКЕ се раководи од Законот, мегународните правила и обврски и од водење сметка за најдобрите интереси на Република Македонија. Нашите одлуки обезбедуваат почитување на […]

Буџет на батерии – EVN Македонија: дај, Влада на Република Македонија: на

Кога во 2010 година, EVN Македонија го промени системот за наплата на потрошена електрична енергија, пишав напис. Во него објаснив дека всушност државата е таа што има поголем интерес од зголемувањето на цената на електрична енергија за крајните потрошувачи, а не EVN Македонија. Кај ЕЛЕМ и МЕПСО одат повеќе од 60% од вкупната вредност на […]

Проектот „Скопје дише“ повеќе нема да биде финансиран

Да не остане некажано… „Скопје Дише“ нема повеќе да биде финансиран од градските власти. Многу сум револтиран што ниеден / ниедна од тие неранимајковци / неранимајковки што се клацкаат во советничките фотељи, не се потресе што веќе со месеци не може да се види нивото на загадување на главниот град – претходно видливо преку индикаторите […]

Е-даноци за граѓани – УЈП, реформа, токен, трошоци и др.

Кога денес дознав дека УЈП ќе овозможи поднесување на даночни пријави по електронски пат и за физички лица, многу се израдував. Но, подоцна подобро се информирав и ништо не остана од радоста. Не ми требаше многу време да заклучам дека ова е уште една, како што „новинарите“ би сакале да кажат, т.н. популистичка мерка. Зошто? […]

Да бев новинар во Македонија…

ќе отворев блог под псевдоним и ќе ги изнесував сите шпекулативни или со факти поткрепени сознанија, за матните зделки на актуелната или било која претходна власт; ќе престанев јавно да се омаловажувам, барајќи од човек, партија или маса да ми даде право да си ја работам работата; ќе зборував помалку, ќе читав и ќе размислував […]