написи : политика : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Коментар: Операторите и ЗАМП не се договорија

„Операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на неколку ТВ канали“ – ова соопштение го сфаќам како бегање од одговорност на операторите и обид за префрлување на вината на ЗАМП. Како ќе беше оправдано себеиземањето на операторите? Почитувани корисници Ве известуваме дека операторите и ЗАМП не постигнаа договор за реемитување на … Бидејќи нема […]

Попис 2011: Прашања без одговори

За времетраењето на измачувањето со т.н. Попис 2011, бев наведен на размислување околу некои осетливи теми, што верувам дека би можеле да предизвикаат радикални промени во општественото уредување на Република Македонија и нови проблеми. Имам неколку прашања, на коишто сум речиси сигурен дека има минимални шанси да добијам одговори, но сепак ќе ги поставам. Дали […]

КПУ Водовод и канализација за Скопје

Не знам дали постои некоја друга земја на светов, освен Република Македонија, кадешто проблеми се решаваат со казни за оние што не ги предизвикале. Се надевам дека оваа налудничава идеја за рестрикции во водоснабдувањето низ Скопје, ќе згасне исто толку брзо колку што успеа да ме вознемири. Не ми е јасно, како е изведен заклучокот […]

Веб-банери за протестот против полициска бруталност

Изработив четири банери за поддршка на протестот против полициската бруталност. Два од банерите се со димензии 125×125 px и се поприменливи за блогови. Третиот банер е поголем и посоодветен за портали. Од него изработив и продолжена верзија за големиот протест в сабота (25.06.2011 год.). Сите банери, освен последниот, носат на http://protestira.me/. Последниот носи на страницата […]

Површен одговор од МВР за Мартин Нешковски

Каков треба да биде граѓанскиот активизам, за власта (ВМРО-ДПМНЕ) да го види како непартиски? И како тоа партијата над партиите, умее да разликува непартиски од партиски активизам, кога и таа самата во изминативе години, додека ја носи земјата во сè поголема неизвесност, нема направено ниту еден непартиски потег и нема донесено ниту една безусловно корисна […]

Не постои добро влијание

„Зашто да влијаеш врз човек значи да му ја дадеш својата душа. Тој не ги мисли своите природни мисли, ниту гори со своите природни страсти. Неговите доблести за него не се вистински. Неговите гревови, ако постои такво нешто како грев, се позајмени. Тој станува ехо на нечија туѓа музика, актер во улога која не е […]

Зоран Ставревски навредува новинарка

Извор: http://alfa.mk/ Извадок од економските вести на Алфа ТВ на 9.6.2011 год. Актуелниот Министер за финансии, Зоран Ставревски, навредува новинарка нарекувајќи ја „економски неписмена“. Зоран Ставревски: Средствата од ММФ се користат согласно, договорот со ММФ за сите буџетски потреби, а пред сè за подобрување на ликвидноста на стопанството. Основно неразбирање е прашањето како што го […]