написи : сешто : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Поскапи такси-услуги со попуст

Последното поскапување на такси превозот навистина нема никаква смисла. Која е целта на продавање на поскап такси превоз, кога најголем дел од такси-компаниите даваат некаков си попуст на конечната цена? Вечерва двапати се возев со такси и двапати, крајната цена на превозот беше намалена за одреден процент. На крајот, конечната сума за превозот до дома, […]

Како се краде на бензинската на Макпетрол на Бутелска

Неколку пати по ред сум забележал дека, кога дополнувам гориво на бензинската пумпа на Макпетрол на улица Бутелска (бензинска пумпа бр. 64), упорно ми ставаат гориво за неколку денари помалку од тоа што го плаќам. Денес, платив и дополнителни 50 дени повеќе од вообичаено. Дополнувам гориво за 2.000 денари, вработеното лице ми става гориво за […]

М’рсул на сликање

Тууу… што народ! :/ Одам да се сликам за лична карта, седнувам на столчето за сликање, случајно допирам еден страничен дел од столчето и верувале или не закачувам на нечиј ТАЗЕ ИЗВАДЕН, СÈ УШТЕ ВЛАЖЕН, М’РСУЛ!

Рекапитулација на мојата 2010 година

Инспириран од еден запис на Seth Godin решив да направам рекапитулација на 2010 година. Досега немам правено вакви листи, па оваа ќе биде воедно и првата. Еве најголем дел од мојата 2010 година. Contest Watchers – Never Мiss Аnother Contest раст на посетеност на повеќе од 1.000 посети дневно; 64% Bounce Rate 690+ објавени натпревари. […]

Стапалото на големиот човек

Последниве неколку денови ми е толку напорно да следам вести и толку многу ме револтира тоа што во моментов се случува на нашата т.н. политичка сцена, што добивам силни нагони да изнапишам сè на блогов и да го претворам во пикадо за „државници“, „патриоти“ и останати големци од народните маси. Едвај се воздржувам да направам […]

Преземање слики од МakFax

MaxFax користи чудна техника за да го оневозможи прикажувањето на трајните врски до сликите од нивниот веб-сајт. Ако се обидете со десен клик и „View Image“ на било која слика, да ја отворите сликата во нов таб, нема да успеете. Наместо да бидете пренасочени кон новиот таб и во него да биде прикажана сликата што […]

Зошто никогаш повеќе нема да купувам во Anhoch?

Денеска бев доведен во ситуација да се расправам со ценетата госпоѓица рецепционерка во сервисот на Anhoch, затоа што очигледно го погодив денот кога нејзината суета расте како квасец. Го погодив денот кога таа пали и гасне! Спорно за мене беше тоа што, телефонски ми беше кажано дека можно е компјутерот да го донесам на сервис […]