написи : филм : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Рецензија: Interstellar – Christopher Nolan, 2014

Interstellar на Christopher Nolan го доживеав како негова лична фрустрација од филмовите „2001: А Space Time Odyssey“ на Stanley Kubrick и „Gravity“ на Alfonso Cuaron. Nolan, толку многу сакал да си докаже дека може да направи култен научно-фантастичен филм, што се загубил во креативниот процес. Филмот е едноставно преголем залак за него. Interstellar е плиток […]

Моментот кога ќе најдеш свој дизајн на постер, на сајтот на Игор Иванов – Изи

Вчера, случајно го фатив режисерот Игор Иванов – Изи на Канал 103, како зборува за некои од неговите филмови. Ми текна да побарам некои информации за еден негов филм, па го посетив неговиот веб сајт. Разгледав наоколу и стигнав до секцијата за ТВ-реклами. Таму, за некоја реклама што Изи ја работел за фестивалот Браќа Манаки, […]

“OBEY”, на македонски “ПОКОРИ СЕ”

Направив адаптација на популарниот знак „OBEY“ на македонски. За преземање на дизајнот, повелете на Behance. Ок, архивата е всушност хостирана на Dropbox… Tие што не знаат што е финтата со „OBEY“, имаат филм за гледање: „They Live“ – John Carpenter.

Мини рецензија: Нераскажаната историја на Америка

Гледајќи ја серијата „Oliver Stone’s Untold History of the United States“, човек лесно може да заклучи дека САД се најголемиот воен агресор на светот. Не дека тоа на многумина од нас не им беше веќе познато, но сепак корисно е што постои ваков видео-документ, за да се откријат лагите што секојдневно му се сервираат на […]

Idi i smotri (Come and See) (1985) – Elem Klimov

Ако сакате да дознаете зошто Quentin Tarantino ги третира злосторствата од Втората светска војна на несоодветен начин во „Inglorious Bastards“, гледајте го „Idi i smotri“ (Come and See) – игран филм на Elem Klimov. „Idi i smotri“ е ремек дело и еден од најзастрашувачките воени филмови што некогаш сум ги гледал. Come and See Trailer […]

Рецензија: „Панкот не е мртов“

„Панкот не е мртов“ е еден од најлошите македонски филмови, што ги имам гледано во последните неколку години. Не знам зошто упорно мораме да се давиме во бедотија, стереотипи и безизлезност. Во продолжение ќе пишувам за моето лично доживување на филмот со „спојлери“, па ако не сте го гледале, подобро не читајте понатаму. Приказната Багра […]

Два филма од Oliver Hirschbiegel

Oliver Hirschbiegel е германски режисер, што многу сака да раскажува за човечноста. Ви препорачувам да погледнете два негови филмови. Едниот е Das Experiment, филм за луѓето-животни, за фрустрациите, за изживувањето, за границата на нормалноста, за современото општество. Другиот, Der Untergang, филм за падот на фашистичка Германија и оние неславни моменти, за кои, малку режисери сакаат […]