написи : Firefox : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Подобар мемориски-менаџмент во Mozilla Firefox 4+

Иако најголем број од корисниците ја сметаат четвртата верзија на Mozilla Firefox за преодно издание, што донесе повеќе проблеми, отколку што реши, сепак Firefox 4 е многу важен затоа што воведе напредни новини во однос на меморискиот-менаџмент на #импликацијата (читај апликацијата). Каков мемориски-менаџмент? Епа, од четвртата верзија па наваму, Firefox е способен самиот да одлучи […]

Firefox без лебдечки приказ на влечените табови

Како да го натерате Firefox да престане да генерира лебдечки приказ на отворените табови при влечење? Клучот е: nglayout.enable_drag_images! Може да се промени од регистарот на Firefox. До регистарот се пристапува, со внесување на „about:config“ во адресната лента и со притискање на Enter. Доколку ја поставите вредноста на nglayout.enable_drag_images на false, Firefox повеќе нема да […]

Прилагодување на аnti-aliasing во Firefox на Windows

Со имплементирањето на т.н. хардверско забрзување, во Firefox беа внесени драстични промени во начинот на кој се прикажува текстот на веб-страниците. Промените одат во вистинската насока, но постои простор за уште многу подобрувања. Лично сметам дека Firefox треба да вклучува можност за прилагодување на замазнувањето (anti-aliasing) на текстот „out of the box“, а не за […]

Firefox троши помалку меморија со мала историја по сесија

Ghacks.net пишува дека, по правило, Firefox ги чува во меморија последните 50 посетени веб-сајтови и затоа, после подолго користење почнува да „јаде“ сè повеќе системска меморија. Колку побогати веб-сајтови ќе отворате, толку побрзо ќе се нафати „талог“ во меморијата, што Firefox ја предвидел да ја користи. Ваквото однесување на Firefox е предвидено со неговата изработка […]

Исчистете го Firefox од додатоците што не ги користите

Барем јас, неколку пати досега имам „роварено“ по регистарот на Firefox, барајќи траги од додатоците што повеќе не ги користам. Додатоците за Firefox најчесто оставаат траги во регистарот и по нивното бришење. Тоа се прави, за да се запомнат корисничките прилагодувања, па во случај додатокот во иднина да е реактивиран, истите да бидат прочитани, без […]

Што да направите ако Firefox (сѐ уште) ви троши многу меморија?

Кажете му како, самиот да си води сметка за меморијата што му стои на располагање, со додавање на следниов клуч во неговиот регистар. browser.cache.memory.capacity Отворете го регистарот на Firefox со повикување на „about:config“ (без наводници), преку лентата за внесување адреси. Потоа, потврдете дека ќе бидете внимателни со измените. Со десното копче на глувчето, кликнете на […]

Забава за Mozilla Firefox 4

Доколку ја пропуштивте забавата за четвртата верзија на интернет прелистувачот Firefox, еве можност да видите како помина. Видете ги и фотографиите на Новицa, како и оние на Мозила Македонија.