написи : Firefox : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Firefox 4 без анимации на табови

Сега, откако и официјално е објавена четвртата верзија на Mozilla Firefox, можете во целост да ги тестирате новите можности на ова издание. Во случај да се прашувате како може да се исклучат анимациите при отворањето и затворањето на табови, како и оние при отворањето и затворањето на групите со табови, еве го одговорот. Отворете нов […]

Натпревар за официјална маичка за Firefox 4

Во еден претходен запис, спомнав дека, натпреварот за дизајн на официјална маичка за Mozilla Firefox 4 e сè уште во тек, а вчера успеав и да го изработам мојот предлог дизајн, наречен „Simply Four“. Доколку ви се допаѓа, за него можете и да гласате. Би ви бил многу благодарен доколку помогнете во споделувањето на овој […]

Firefox 4 доаѓа овој март

И, додека подготовките за четвртото издание на интернет прелистувачот Mozilla Firefox се пред самиот крај, убаво е уште еднаш да се потсетиме, кои новитети ќе ги донесе досега најнапредната верзија на Firefox. Сè поизвесно е дека ќе има и 13 издание во серијата Firefox 4 Beta, како и тоа дека ќе треба уште малку да […]

Како до побрзо лизгање во Firefox без додатоци?

Иако, оваа тема ја имам накратко отворено во еден претходен запис, сепак во оваа прилика малку подетално ќе ја обработам. Со објавувањето на верзијата 3.6, во Firefox беше овозможено забрзано лизгање низ веб-страниците без потреба од дополнителни додатоци. Што всушност значи ова? Едноставно кажано, Firefox стана осетлив на брзината со која се врти тркалцето на […]

Полесен Firefox за помалку проблеми

Колку повеќе го „товарите“ Firefox со додатоци, толку повеќе ризикувате да добиете проблематична работна околина, што никому не му е од полза. Изборот на додатоци за Firefox е навистина огромен, па без речиси никакво залагање, може да се промени секој сегмент од прелистувачот со само неколку кликови. Сепак, за мене, многу поисплатливо е на своја […]

Дополнителни компоненти во Firefox

Читајќи го „Претпазливо со опасни Firefox додатоци“, решив да проверам што стои во мојата листа на дополнителни компоненти во Firefox. Иако од самиот Firefox, веќе бев предупреден за опасноста на која предупредува IТ.com.mk и сомнителната компонента кај мене е веќе деактивирана, сепак листата на дополнителни компоненти ми е преполна со елементи за кои ниту сум […]

Mozilla Firefox во „безбеден режим“

Mozilla Firefox е одлична софтверска апликација, но често заради различни додатоци може да стане многу проблематична. Иако постои многу ефикасен механизам за брзо и едноставно деактивирање на проблематичните додатоци, понекогаш може да се јави потреба од дополнителни интервенции во основните нагодувања на апликацијата, а токму од тие причини постои т.н. „безбеден режим“ (оригинално – „safe […]