написи : Firefox : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Firefox 3 на повидок

За околу една недела би требало да се појави првата бета од Firefox 3, за која денеска особено многу се крена прашина на Digg. Некој се истрчал пред време, нели како што се случуваше и за Двојката, што според мене не е лоша работа. Мошне љубопитен, стигнав до неофицијалниот билд и морам да кажам дека […]

Firefox, Opera и своjството clear

Во последно време нешто ептен сум ангажиран околу пишување CSS и до вчера имав уникатен проблем со својството clear во Firefox и Opera. За што станува збор? Секој обид за „чистење“ на лебдечките елементи во рамките на некој div родител, завршува со примена на својството clear и за елементот во кој е вгнезден проблематичниот div […]

400 милиони лисици

Поминаа 1002 дена од објавувањето на Firefox 1.0 (9. ноември 2004 год.), а (според spreadfirefox.com) резултатот е повеќе од 400 милиони преземања на Интернет прелистувачот со отворен код. Во периодот од појавувањето па сè до денес, Firefox е преземан во просек по 400 илјади пати дневно, иако минатиот месец таа бројка се искачи и над […]

Personas

Personas е нов Firefox проект, што делува мошне амбициозно. Постои на ниво на веб сервис, а со Firefox се интегрира преку истоимената минијатурна екстензија, со што на корисникот му е овозможено да го менува ликот на Firefox во реално време. По дефиниција Persona е малечка престилка (skin) за Firefox, што се аплицира без притоа да […]

„Firefox“ моливчиња

Зад сликата стои how-to. Многу интересно :)

… до Firefox 3

Што сè треба да се случи, пред Firefox 3 и официјално да биде објавен? алфа 4, до крајот на април алфа 5, до крајот на мај алфа 6, до крајот на јуни бета 1, во јули бета 2, во септември официјална верзија, октомври/ноември 2007 Претстојат навистина интересни опции. Да се надеваме дека ниедна од нив […]

Brief 0.5.1

Конечно си најдов саглам RSS читач за Firefox. Се вика Brief, објавен е на 27 февруари 2007 и Sage може вода да му носи. Има прекрасен интерфејс, го користи матичниот начин на известување на Firefox и што е најважно брз е како струја (како и да биде ова сфатено :) ). Нуди дузина издржани нагодувања, […]