написи : MK GNU/Linux планета : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Македонски Телеком ја намалува брзината на преземање преку BitTorrent?

Не знам за другите провајдери во Република Македонија, но изгледа дека Македонски Телеком „преминал на темната страна“ и вовел ригорозна контрола на брзината на преземање преку BitTorrent.

Idi i smotri (Come and See) (1985) – Elem Klimov

Ако сакате да дознаете зошто Quentin Tarantino ги третира злосторствата од Втората светска војна на несоодветен начин во „Inglorious Bastards“, гледајте го „Idi i smotri“ (Come and See) – игран филм на Elem Klimov. „Idi i smotri“ е ремек дело и еден од најзастрашувачките воени филмови што некогаш сум ги гледал. Come and See Trailer […]

Стари и добри трикови за забрзување на Mozilla Firefox

Барајќи нови упатства за оптимизирање на Firefox, случајно стигнав до овие неколку совети од DNA_Uncut, објавени на 14 август 2007 година. Ме изненади тоа што и десетина верзии на Firefox подоцна, ова се сè уште релевантни совети за прилагодување на прелистувачот за поголема брзина. Па, ви ги пренесувам во целост… Tips & Tricks that can […]

Firefox работи побрзо без “Count filter hits” за AdBlock Plus

Ако користите Firefox во комбинација со AdBlock Plus, можно е да сте забележале дека Firefox со вклучен AdBlock Plus работи поспоро, отколку со исклучен. Изгубената брзина е всушност време што AdBlock Plus го троши на отстранување на рекламните елементи и (многу важно) на броење на нивните повторувањата по разни критериуми. Ова второво, можете да го […]

Слободен софтвер Македонија на тапет

По неколку-неделно експериментирање, со задоволство ви го претставувам мојот најнов проект, поврзан со одбележувањето на десетгодишнината од основањето на Слободен софтвер Македонија. Откако успешно ја завршивме работата со логото за хаклабот КИКА, време е за освежување на нашите работни површини! :) Ви ја претставувам „Слободен софтвер Македонија на тапет“ – позадина за Слободен софтвер Македонија, […]

Free Software Macedonia на Share 2 во Србија

Слободен софтвер Македонија и хаклабот КИКА имаа успешна презентација на конференцијата Share 2. Еве некои од фотографиите што успеав да ги направам пред или за време на презентацијата на Игор Стаматовски и Тамара Атанасоска. Инаку, на конференцијата поминавме супер. Имаше одлични презентации, но и такви што беа речиси зборување во празно. Тамара и Игор зборуваа […]

Официјално лого на скопскиот хаклаб КИКА

После многубројните предлог-дизајни и консултации, најголем дел од членовите на хаклабот КИКА одлучија предлогот 3-2, да биде официјално лого на хаклабот. Па, еве го официјалното лого на КИКА – во SVG-формат – достапно под лиценцата Creative Commons НаведиИзвор-СподелиПодИстиУслови 3.0 Unported (CC BY-SA 3.0). Преземањето е достапно преку мојот профил на Dropbox, но добро би било, […]