написи : mkfail : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Македонски Телеком, 0800-12345, АЕК, грижа за корисници

На македонскиот пазар има очајна потреба од конкуренција во секторот за Интернет и комуникации. Да не речам, ни треба нов Он.нет. Она што во моментов се случува во Македонски Телеком е за секаква критика. Компанијата како да подзаспала во својата слава. Грижата за корисниците е на мизерно ниво. Да не речам, ја нема. Розовиот свет […]

КПУ Водовод и канализација за Скопје

Не знам дали постои некоја друга земја на светов, освен Република Македонија, кадешто проблеми се решаваат со казни за оние што не ги предизвикале. Се надевам дека оваа налудничава идеја за рестрикции во водоснабдувањето низ Скопје, ќе згасне исто толку брзо колку што успеа да ме вознемири. Не ми е јасно, како е изведен заклучокот […]

ЈП Водовод и канализација за Радишани

Неколку пати досега имам пишувано за тоа дека во лето, имаме проблеми со водоснабдувањето во Радишани. До пред неколку години, проблеми немавме, а тие се појавија откако почнаа да ги поставуваат т.н. „нови“ броила за потрошена вода. Оттогаш, континуирано сме засегнати од тоа колку соседите на пониските улици трошат вода или барем така сакаме да […]

Разговор со дежурниот инфо центар на Водовод и канализација

Немаме вода во Радишани. Во 21 часот и некоја минута, се јавувам на 3073010, на дежурниот инфо центар на ЈП Водовод и канализација, да го пријавам проблемот (очекувајќи дека е веќе пријавен) и да се информирам. Оператор Миле: Да… Јас: Добровечер, Водовод и канализација? Оператор Миле: Да… Јас: Со кого разговарам? Оператор Миле: А, кој […]

Алфи, Даниел, убиство, избори, полиција, медиуми…

Просто неверојатно! Истите медиуми што деноноќно чекаат сензации и скандали за да ги филуваат за свои потреби, одеднаш решаваат да молчат и да не известуваат за потенцијално убиство?! Курир, МТВ, Сител, Канал 5… заспавте?! Дејствувањето на политичките партии не завршува ден после изборите. Каде е сега борбата за слобода, соборувањето на режимот, „уривањето“ на диктаторот? […]

Поглед однатре: подигнување на лични карти

И понатаму, гужва, нељубезна државна администрација, неред, бесознание, закочени компјутерски системи, спроведување на кандидати преку ред, виртуелни кандидати на листата за чекање… Се чека за да ве спроведат, се чека за да прашате, се чека за да почнат да ви ја бараат личната карта и додека да ви ја најдат. Помалку од 40 минути не […]

Поскапи такси-услуги со попуст

Последното поскапување на такси превозот навистина нема никаква смисла. Која е целта на продавање на поскап такси превоз, кога најголем дел од такси-компаниите даваат некаков си попуст на конечната цена? Вечерва двапати се возев со такси и двапати, крајната цена на превозот беше намалена за одреден процент. На крајот, конечната сума за превозот до дома, […]