написи : mkfail : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


Како се краде на бензинската на Макпетрол на Бутелска

Неколку пати по ред сум забележал дека, кога дополнувам гориво на бензинската пумпа на Макпетрол на улица Бутелска (бензинска пумпа бр. 64), упорно ми ставаат гориво за неколку денари помалку од тоа што го плаќам. Денес, платив и дополнителни 50 дени повеќе од вообичаено. Дополнувам гориво за 2.000 денари, вработеното лице ми става гориво за […]

Бизнис на македонски начин со „Message“

Работењето со маркетинг-агенции има свои предности и маани. Една од предностите е дека, како самостоен дизајнер, вие нема да треба да се грижите за комуникацијата со крајниот клиент и дека тоа ќе ѝ биде препуштено на самата агенција. Таа ќе се јави во улога на посредувач помеѓу вас, како извршител на сегмент од проектот или […]

М’рсул на сликање

Тууу… што народ! :/ Одам да се сликам за лична карта, седнувам на столчето за сликање, случајно допирам еден страничен дел од столчето и верувале или не закачувам на нечиј ТАЗЕ ИЗВАДЕН, СÈ УШТЕ ВЛАЖЕН, М’РСУЛ!

ЗАМП – Музиката не е бесплатна

Здружението за заштита на авторски музички права – ЗАМП има нова телевизиска кампања за промоција на почитувањето на авторските права. Зад слоганот „Музиката не е бесплатна“, ред се редат „реномирани“ музичари од Република Македонија, што би требало на обичниот човек да му појаснат, зошто тој би требало да плаќа, за да ја слуша нивната музика […]

Парцијална фискална сметка во „MCM“

Вечерва, за прв пат во мојот живот, добив фискална сметка од која требаше да платам само еден дел. Не знам дали е ова некоја нова можност, од чиишто придобивки можат да „печалат“ ноќните клубови, но мене ми дојде како вистинско изненадување. Не одам често во „MCM“, па не знаев дека издаваат сметки врз основа на […]

Bei the Fish, Каролина, Danndy и јас

Да имав повеќе време, повеќе ќе напишев, но немам… па само на кратко. Мислам дека и ова е премногу, ама ајде… Bei the Fish направиле нова песна со Каролина. Супер! Извесен Danndy – denibozinovski направил видео клип што содржи сцени од повеќе филмови и реклами и се разбира, не е официјален видео спот за песната. […]

Судот не знаеше за бременоста на притвореничката

Не можам да разберам, од каде доаѓа леснотијата со која државните институции се правдаат за своите катастрофални грешки во работењето. Вие, да не сте полуделе? Последната голема глупост е: Основен суд: Судот не знаеше за бременоста на притвореничката Се чини дека за судот сè е во ред, додека не се искомплицираат работите. Па, потоа тој […]