написи : mkfail : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


EVN Macedonia едвај го спаси Радишани од Ѓоко

Толку често почнавме да снемуваме струја во Радишани, што едноставно не можам да постигнам да напишам за секое ново искуство. Гледам дека ниеден медиум го нема покриено настанот за којшто ќе ви раскажувам, па затоа и ќе си земам за слобода да заземам сензационалистички пристап, како што обично знаат да направат про и анти-владините медиуми […]

Граѓански револт

Граѓански револт од изјавите на Заев. Брееј… мајката! А, јас пак мислев, ќе чуеме за граѓански револт кон постојаните зголемувања на цените на прехрамбените производи, горивата, електричната енергија, кон постојаното намалување на животниот стандард и осиромашување на масите, кон зголемувањето на невработеноста, кон заспаноста на властите, кон национализмот, кон нетолеранцијата, кон апатијата, кон загубените вредности, […]

Бесплатни слогани за EVN Macedonia

Ја користам оваа прилика да Ве известам дека и по 16 часа без електрична енергија, ние граѓаните од населба Радишани сме живи и здрави. Би сакал да упатам голема благодарност до EVN Macedonia што сè почесто нè уверува и преку реални примери ни покажува дека упорноста во животот се исплати. За возврат, би сакал да […]

Косоврасти

Како одминува времето, така сè повеќе слушаме за нови испади на нашата несреќна владеачка гарнитура. А и сигурен сум дека, како ќе наближува крајот на нивното владеење, така и притисокот сè повеќе ќе расте. За мене е сосема оправдана загриженоста на жителите на жителите на селото Косоврасти. Не е воопшто тешко да се претпостави дека, […]

Петре, тротоарите Петре!

„Срам да им е“ на сите што плукаат по Петре Латиновски. Господ „ќе ги казни“ оти зборуваат „невистини“! „Господ гледа“! Петре „работи чесно“ и секогаш „излегува во пресрет“ на барањата на граѓаните. Ете, последниве 3 недели тротоарите ги копаат. Малку без врска што фати есен, ама „важно“ нешто се прави! Мизерија, Петре! Мизерија! Јас знам, […]

Колкав ти е хонорарот за Скопје 2014?

Една работа никако да им стане јасна на сите „уметници“, инволвирани во проектот Скопје 2014. „Уметниците“ се навредени и крајно изненадени, секогаш, кога некој новинар ќе се осуди да биде доволно дрзок и да го постави прашањето за хонорарот што го зеле, за да го произведат сопственото дело, за целите на проектот Скопје 2014. Се […]

1 кабел – минимум 8 часа

Уште една викенд екскурзија со EVN Македонија. Овој пат, повод беше (како што ме информираа од EVN) изведувањето на градежни работи од некоја компанија, при што бил оштетен 10 киловатен кабел на EVN. Се чекало на полицијата да направи записник, па да се почнело со исправката на дефектот. Струја снема околу 10:30 часот. Околу 12 […]