написи : Ubuntu : RSS

Приказ на написи по хронолошки редослед.


CAS за џабе

Content-aware scaling е една од новините во Photoshop CS4 со кои Adobe особено се гордее. Зад технологијата се крие мошне корисна можност за интелигентно менување на димензиите на дигитални фотографии без растегнување т.е. без дисторзирање на нивната содржина. Не велам дека технологијата е преценета, ама многу се радувам што веќе има бесплатно решение за проблемот […]

Играње игри под ГНУ/Линукс

Пред некој ден, читав интересна сторија со низа тестови (1, 2) што укажуваат на постигнатите перформанси (во број на фрејмови) во играњето на Doom 3 и Enemy Territory под XP, Vista и Wine. Не бев многу зачуден од поголемиот број на фрејмови под Wine отколку на XP и Vista, особено не зашто се работи за […]

Ubuntu Title на кирилица

Конечно ја завршив кириличната верзија од оригиналниот Ubuntu фонт (typeface). Преземањето е можно овде или со клик на сликата. Ubuntu-Title е објавен под LGPL, па истото важи и за кириличната верзија од фонтот. Патем, денес видов дека дополнително се објавени различни верзии од оригиналниот фонт на официјалната страница, па понатаму може да се очекуваат и […]

Ubuntu 2.0 на македонски

Еве ја и локализираната верзија од мојата претходна позадина за Ubuntu. Се надевам дека ќе биде од корист. Во моментов работам на кирилична верзија од официјалниот фонт на Ubuntu, па за некој ден и тоа ќе следува…

Ubuntu 2.0

Уште една прилично едноставна и чиста позадина за работна околина на тема Ubuntu. Убаво стои. Па пробајте ја… :) Во меѓувреме се случи и подобрeната Hardy Heron Aurora, а посебно ми е драго што е сè погледана и попреземана. Трудот не бил залуден. :)

Hardy Heron for the masses

Ова е мојот придонес за најновото издание на Ubuntu – Hardy Heron. Инспирација: MacOS Aurora. Претпоставувам дека ќе има и втора верзија од оваа позадина. Честитки за изданието и само напред. :)

Најкул во ГНУ/Линукс, го нема во Windows и на Mac!

Навистина интересен запис и дискусија. Блогерот дава одговор на прашањето: Која е најкул работа што можеш да ја правиш користејќи ГНУ/Линукс, а не можеш во Windows или на Mac? Да го надградиш оперативниот систем со најновата верзија легално и без да треба да плаќаш пари Најновата верзија од оперативниот систем да работи побрзо од претходната, […]