Се прашувате зошто во некои маркети во Скопје, се наплатува издавањето на пластични кеси? Еве, едноставна математика…

Да речеме дека во маркетот во текот на денот влегуваат 600 потрошувачи. Од нив 100 си носат торбички или кеси и не треба да си набават нови. Остануваат 500 потрошувачи, што би купиле по најмалку една кеса.

Ако една кеса се продава за 2 денари, тоа значи дека од 500 потрошувачи се заработуваат 1000 денари. За 30 работни денови, под услов фреквенцијата на потрошувачи да е иста секој ден, тоа се неверојатни 30.000 денари! За една година, 360.000 денари или нешто помалку од 6.000 евра!

utrinski-vesnik-plasticni-kesi-2013

Утрински весник за одлуката за забрана за користење на пластични кеси

Кога би го знаел реалниот трошок за набавување на пластични кеси, би можел да го пресметам и реалниот профит на маркетите.

Сепак, 30.000 денари месечно, не се некои големи пари за маркетите, зашто претпоставувам дека на дневна основа прават прилив од десетици, а можеби и стотици илјади денари. Но 30.000 денари месечно би можеле да ги покријат месечните примања на две лица што, да речеме, работат наплата на каса. Тоа е одлична заштеда за маркетите, но на грбот на потрошувачите.

Лично сметам дека сите маркети треба да ги стават пластичните кеси на свој трошок и да престанат да ги поставуваат оние бедни прашања од типот: „Кесичка, треба?“.

Според Утрински весник, одлуката за забрана на користење на пластични кеси (помали од оние за тежина над 5 килограми) престанува да важи од 2013 година и по престанувањето на забраната пластичните кеси во маркетите, треба да се заменат со био-разградливи кеси што нема да се наплатуваат.

Па, ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварувате или како?