Убеден сум дека има технички можности Македонски Телеком значително да го подобри квалитетот на услугите за пакетите од 3 Max, но тоа упорно не го прави.
Сакам да поставам неколку, според мене, сосема издражни прашања:
- Зошто, Македонски Телеком не ја зголеми брзината на врската на корисниците на MaxTV, за опсег, колкав што му е потребен на медија приемникот, за да работи оптимално? Зошто наместо да ги опслужува корисниците на MaxTV со 10 Mbps (технички ~8,7 Mbps) по приклучок, не го прошири опсегот до 14 Mbps?
- Зошто Македонски Телеком на своите реклами продава брзини до 10 Mbps, кога технички тоа не е возможно, па тие брзини не одат, како што имам пишано и погоре, над ~8,7 Mbps? Нели е тоа мамење?
- Зошто Македонски Телеком упорно повторува дека 0800 12345 е број за техничка поддршка што е достапен 24 часа, постојано, кога тоа не е случај? Ако бројот е отворен за повици, а повик не може да се воспостави во 80% од 24 часа, дали и тогаш корисниците имаат на располагање 24-часовна техничка поддршка?
- Зошто Македонски Телеком не ги вклучува (или исклучува) дополнителните пакети со услуги по автоматизам? Зошто да се чека на корисниците да го побараат тоа, кога тие услуги се платени и треба да бидат достапни? Зарем не е проблем што може да се случи корисник и понатаму да плаќа за услуга, што му следува бесплатно преку некој дополнителен пакет? Што ако дојде до тоа?
- Зошто Македонски Телеком не овозможи трајно поставување на превод по канал, за MaxTV? И Panta Rei има пишувано на оваа тема.