Кога ќе се побара од мене да направам нешто за слободното општество во Македонија, обично им давам приоритет на тие задачи и ги завршувам во најкус можен рок.
Ги работам волонтерски и не очекувам ништо за возврат. Сепак, изминатава недела се случија работи што ми создаваат сомнеж дека тоа што било побарано од мене, навистина некому му треба. Нема да генерализирам и ќе бидам многу презицен. Со Билјана Кочовска имавме една непродуктивна дискусија, што ме наведе на грешка од моја страна… Друг пат ќе бидам попретпазлив. Во тоа сум сигурен.
Се разговара за изработка на постер за Software Freedom Day 2008:
16 септември 2008
- (23:19:58) Bi: ќе помогнеш ти нешто? :)
- (23:20:21) Goce Mitevski: да, како и секогаш :)
- (23:20:36) Bi: :)
- (23:21:07) Bi: па зашто не се јавиш јасно гласно :)))
- (23:21:15) Bi: вака јас мислам никој нема
- (23:22:02) Goce Mitevski: па зашто се испозафатив со триста работи и не сум вклучен во дискусијата ич… ама на потреба ќе одговорам во било кое време :)
19 септември 2008
- (23:00:59) Bi: a be dizajn
- (23:01:02) Bi: nekoj
- (23:01:06) Bi: :)
- (23:01:22) Goce Mitevski: :) може може
- (23:02:44) Goce Mitevski: за што?
- (23:03:00) Bi: ne prati[ na lista?
- (23:03:08) Goce Mitevski: не
- (23:03:14) Bi: :(
- (23:03:14) Goce Mitevski: ај ќе прочитам сега
- (23:03:19) Bi: aj
- (23:05:01) Goce Mitevski: Јас имам еден концепт дизајн, ќе го скенирам покасно вечерва и ќе ви го пратам или тука или на фликр…
- (23:05:07) Goce Mitevski: Стојанче да не прави веќе нешто
- (23:05:09) Goce Mitevski: ?
- (23:05:18) Bi: pa go nema
- (23:05:21) Goce Mitevski: не дека ми менува, онака прашувам
- (23:05:22) Bi: a ve’e docnime >(
- (23:05:30) Goce Mitevski: ќе средам на брзинка јас
- (23:05:34) Goce Mitevski: каква ти беше идејата
- (23:05:49) Goce Mitevski: нешто колку да ме насочиш во кој правец да размислувам
- (23:05:50) Goce Mitevski: …
- (23:06:13) Goce Mitevski: ах извини, пишувало на листа
- (23:06:14) Bi: а бе шо знам, немам некоја посебна идеја
- (23:06:15) Bi: :(
- (23:06:23) Goce Mitevski: чистам, миша што има напишано
- (23:06:26) Bi: треба да смислам текст
- (23:06:26) Goce Mitevski: предложено
- (23:06:27) Bi: :(
- (23:06:52) Goce Mitevski: за утре е флаерот?
- (23:07:10) Bi: па да имаме нешто за да бараме некој да го печати
- (23:07:19) Bi: спонзор, мора да имаме флаер некаков
- (23:07:29) Goce Mitevski: ок, те прашувам за да знам колку време имам
- (23:07:39) Goce Mitevski: да се испланирам
- (23:08:19) Goce Mitevski: а можеш ли да ми кажеш што е важно да содржи флаерот
- (23:09:39) Goce Mitevski: плус формат да ми кажеш
- (23:09:50) Bi: па да има инфо што е слободен софтвер и слободна култура и поим немам
- (23:09:54) Bi: ај ќе смислам нешто сеа
- (23:09:58) Goce Mitevski: димензии на флаерот
- (23:10:17) Goce Mitevski: па има миша убаво напишано на листа… а освен текстот логоа некои
- (23:10:18) Bi: а бе нека е а5
- (23:10:21) Goce Mitevski: треба да има?
(23:11:04) Bi: па нека има на 2с.мк - (23:11:13) Bi: и на спонзорите ко ќе ги најдеме :))
- (23:11:19) Bi: ама и треба нешо за децава
- (23:11:19) Goce Mitevski: :)
- (23:11:24) Bi: што ќе учествуваат
- (23:11:27) Bi: да му се сневиди
- (23:11:35) Bi: со нив утре ќе договараме
- (23:11:43) Bi: ама пак убо е да имаме некој почетен
- (23:11:44) Bi: дизајн
- (23:11:49) Goce Mitevski: ок
- (23:12:00) Goce Mitevski: ај ќе направам нешто па ќе менуваме после содржина
- (23:12:45) Bi: ок
- (23:15:01) Goce Mitevski: комуницирај го стојанче во меѓувреме ако можеш, за да не губиме време на дупла работа… јас сепак ќе смислам дизајн
- (23:15:28) Bi: ок
20 септември 2008
- (19:20:04) Goce Mitevski: тука си?
- (19:20:21) Bi: да
- (19:20:33) Goce Mitevski: го ѕирна постерот?
- (19:20:46) Bi: да
- (19:20:50) Bi: фин е
- (19:21:30) Bi: само можно било да ги користат ланските, имале повеќе испечатено, па изгледа ќе се прават само флаери и предна страна на цд-а
- (19:21:40) Bi: има ушпте два предлози
- (19:21:44) Bi: http://i37.tinypic.com/260xst4.png
- (19:21:47) Bi: на тојанче
- (19:22:08) Bi: и на васко http://bach.taneski.com/sfd/letok.png
- (19:22:29) Goce Mitevski: супер
- (19:22:34) Goce Mitevski: нека има избор
- (19:22:35) Goce Mitevski: :)
…
- (23:10:04) Goce Mitevski: за овој предлог се решивте?
- (23:10:04) Goce Mitevski: http://bach.taneski.com/sfd/letok.png
- (23:11:32) Bi: овој пшредлог сега прв пат го ставив на листа
- (23:12:26) Goce Mitevski: аха… ок, фино ќе беше сите да се стават на едно место за да може да се одбира од една локација… да не се шета по пораки
…
- (23:13:15) Bi: па стојанче не го ни стави неговиот
- (23:13:39) Goce Mitevski: е ако де, ти ги имаш сите…
- (23:13:49) Goce Mitevski: уствари што ти се мешам па јас
- (23:13:55) Goce Mitevski: :)
…
- (23:17:48) Bi: да, ама стојанче мене ми го покажа, а не е сигурен дека е добро за флаер
- (23:18:26) Goce Mitevski: ок
Дискусија
Гоце,
Од името на 2с.мк ти се извинувам поради настанатото недоразбирање.
Благодарам.
Доста извинувања. Пиво! Ни треба!
Гоце, ја частам не се секирај. :)
:)
Гоце, јас не знам кој дел од тоа дека и јас сум исто во однос на организацијата како и ти не ти е јасен? Значи да, јас те викнав да понудиш дизајн исто како и на сите други кои што можев им кажав да придонесат со што можат, исто како и јас што се обидувам да придонесам колку што знам. Не гледам каде ти повеќе се mistreat од кој и да е друг? Не гледам потреба да ти се извинува некој зашто во ова сите исто влегуваме и никој не бара посебни захвалности. Значи ти ова не го правеше нит за мене, нит за кој и да е друг, туку за заедницата, исто како тоа што го правиме сите.
Ист пример како тебе беше со Глиша кој го замолив да помогне околу Убунтуто, а во меѓувреме зел и Чомбе тоа да го прави па еве сега тој ќе го заврши. Не видов никаде Глиша да се налути за тоа, а не гледам и причина зашто би го направил тоа. Исто и Гемиџи кој се спремаше да учествува на презентација по школите, па и од тоа ништо не испадна.
Јас стварно се трудев да помогнам за да направиме настан да биде колку што е можно подобро и сето тоа е за заедницата, за сите нас. И сега ти мене ми се лутиш, за што? Зашто имало и други дизајни освен твојот? Не гледам кај е тука проблемот.
Користењето на моето име во овој контекст, башка со вадење на приватни логови, е надвор од секаков бон тон, па дури и навредливо.
Јас знам за неколку примери кога твои предлози за дизајн се барале на листа, ти си ги дал, па не биле третирани како што треба (Кога би имала време би ги нашла и би ги излистала тука) и не се случило ниту еднаш ти некого да повикаш со име и презиме на ваков начин.
Јас не одлучувам што ќе оди и што ќе се принта и исто како тебе очекував некој да пресече (валда тој што ги дава парите). Башка што флаерот не е уште испринтан и може слободно да оди твојот.
Како и да е, најбед е тоа што ми изгледа дека ова е мавни на послабиот, а најжално е што со тоа нема ни да ја добиеш симпатијата на посилните.
Мене ми е само криво што јас сум ставена на тапет, без ни малку да го заслужам тоа, а особено што толку се трудев да направам оваа работа да се истурка до крај. Се надевам ќе се најде некој конечно да го преземе водството на овој проект и да не лутаме сите како муви без глави и уште полошо да се обидуваме да сечеме глави едни на други.