Гледајќи ја серијата „Oliver Stone’s Untold History of the United States“, човек лесно може да заклучи дека САД се најголемиот воен агресор на светот. Не дека тоа на многумина од нас не им беше веќе познато, но сепак корисно е што постои ваков видео-документ, за да се откријат лагите што секојдневно му се сервираат на американскиот народ, но и на светот воопшто.

Untold-History-of-the-United-States

За Втората светска војна, за исмислената борба против тероризмот, за „демократијата“, за вечниот натпревар со Советскиот сојуз, односно Русија, за атмоските бомби, за империјализмот, за нафтата, за Талибанците, за Ирак, Иран, Палестина и Сирија, за Виетнам, Куба, Јапонија и Кореја… Oliver Stone ги разоткрива методите што се користат за заплашување на обичниот човек и изнудување на учество во уште една нова американска војна. Станува очигледно дека после Franklin D. Roosevelt сите американски претседатели практикуваат иста политика и дека тоа набрзо нема да се промени.

Ми се допадна тоа што, зналително место во серијата му е посветено на Henry A. Wallace и на искрениот и наивен Mikhail Gorbachev. Единствено што мислам дека недостасува, е приказ на американската политика на Балканот, распадот на Југославија, бомбардирањето на Србија и сл.

Серијата се состои од вкупно 10 епизоди, а секоја од нив трае по 50+ минути.