- ваљда = веројатно (Ваљда ќе дое. = Веројатно ќе дојде.)
- уствари = всушност (Уствари, он знае. = Всушност, тој знае.)
- тачно = точно (Тачно е, дека дојдоа. = Точно е, дека дојдоа.)
- зашто = зошто (Зашто не сакаш? = Зошто не сакаш?)
- не долази у обзир = не доаѓа во предвид (Ма, не долазиш у обзир! = Ма, не доаѓаш во предвид!)
- y = во (У сала, во 12! = Во сала, во 12!)
- глеа = гледа (Глеаш? = Гледаш?)
- он = тој (Он викаше… = Тој викаше…)
- она = таа (Она се расплаче. = Таа се расплаче.)
- они = тие (Они играа баскет. = Тие играа кошарка.)
- у право = во право (У право си тато! = Во право си тато!)
- стварно = навистина (Е, стварно претеруваш! = Е, навистина претеруваш!)
- невероватно = неверојатно (Просто невероватно беше! = Беше, просто неверојатно!)
- врло = многу (Врло, врло добро. = Многу, многу добро.)
- момак = момче (Бев со еден момак, по работа. = Бев со едно момче, по работа.)
- праи = прави (Не се праи фраер! = Не се прави важен!)
- расположење = расположение (Нема расположење, шо? = Нема расположение, што?)
- топ = супер (Топ! Топ, беше! = Супер! Супер, беше!)
Лично сметам дека нема покул луѓе, од оние што говорат литературен македонски јазик. Им се восхитувам и апелирам да не се претопат во толпата.
Дискусија
Другите во ред, ама „топ“? Не ми се вклопува некако во списокот. :)
е? а „супер“ од кај боље од „топ“ ??
„Точно е, дека дојдоа“ не треба запирка таму
Другите во ред, ама „топ“? Не ми се вклопува некако во списокот.
Не знам ти на кое „топ“ мислиш. Јас мислам на ова уличното, што се употребува за сенешто.
„Точно е, дека дојдоа“ не треба запирка таму
Треба запирка, затоа што (наменски) правам пауза пред да продолжам со остатокот од реченицата.
* зашто = зошто (Зашто не сакаш? = Зошто не сакаш?)
Зашто може да се користи но во друг контекст. „Тој не дојде зашто имаше работа“ е литературно.
* он = тој (Он викаше… = Тој викаше…)
* она = таа (Она се расплаче. = Таа се расплаче.)
* они = тие (Они играа баскет. = Тие играа кошарка.)
60% сум сигурен дека овие се литературни, затоа што во „Петтата Гора“ од Куељо, во еден од преводите се споменува баш „Он“ наместо „Тој“ и ја имав во средно прашано професорката. Мислам кажа дека е скроз ок вака.
* стварно = навистина (Е, стварно претеруваш! = Е, навистина претеруваш!)
Friendly note: ова е така, само зборот „ствар“ може да се користи во контекст на „Остави ги стварите и одиме“. Инаку како замена на „навистна“, да, во право си.
* топ = супер (Топ! Топ, беше! = Супер! Супер, беше!)
„Топ екстра пеер ти еем“ ова е литературно исто. haha. jk :)
интересен пост.
Зашто може да се користи но во друг контекст. „Тој не дојде зашто имаше работа“ е литературно.
Да, во тој случај се мисли на скратената варијанта од „затоа што“.
„Тој не дојде затоа што имаше работа.“ = „Тој не дојде зашто имаше работа.“