Откако мигрирав на пакетот 3 Max Comfort+, моето сфаќање за квалитетот на услугите на Македонски Телеком се промени значително. Во овој краток напис, ќе ги наведам причините за тоа, без некој посебен редослед.
Ги пишувам овие работи, за потенцијалните корисници на 3 Max Comfort+ да знаат што ги очекува.
Откако ставив MaxTV:
- расположливата брзина на Интернет ми се намалува од ~8,6 Mbps, на ~6,6 Mbps, кога е вклучен медија приемникот. Штом ќе го исклучам, брзината се враќа на ~8,6 Mbps;
- рутерот постојано прави некакви проверки и во логот запишува: „No automatic configuration or updates by the service provider possible for this device: Login error“. За ова се имам јавено на 0800 12345 и ми имаат речено дека прават некакви промени во системот и доколку немам проблеми со врската, дека било нормално;
- дознав дека T-home по автоматизам не ги активира дополнителните услуги што следуваат со пакетот, ниту пак ги деактивира тие што се непотребни. Со други зборови, ако претходно ви наплаќале 50 денари за идентификација на повик, а со овој пакет таа услуга ја добивате бесплатно, самите мора да се јавите и да ја откажете постоечката услуга, за да престанат да ви ја наплатуваат;
- мислам дека T-home престана да ми ја наплатува услугата „Моја сметка“;