Вечерва, за прв пат во мојот живот, добив фискална сметка од која требаше да платам само еден дел. Не знам дали е ова некоја нова можност, од чиишто придобивки можат да „печалат“ ноќните клубови, но мене ми дојде како вистинско изненадување.
Не одам често во „MCM“, па не знаев дека издаваат сметки врз основа на турата на служителката.
Во зависност од тоа на која етапа од турата на служителката ѝ припаѓаш, соодветен дел од сметката е твој, а другите ги прескокнуваш и им ги отстапуваш на гостите што биле послужени после тебе. Се разбира, работите може да заземат непредвиден тек, па сметката наместо кај следните гости, да остане кај тебе. Тоа ми се случи на мене.
После, не многу долга анализа, успеав да заклучам дека, дури ни тоа што е напишано на сметката, не е сосема точно. Најпрво пишуваше дека е послужено пиво „Стела…“ од 0,5 литри, што не е вистина, зашто јас добив Стела од 0,33 литри. Да, имавме порачано и вотка, но не Вигор и не 1 литар, туку една чаша.
Конечно, спорно беше времето на фискалната сметка. Пишува дека сметката е издадена во 2 часот и 18 минути на 20 февруари 2011, но тоа не е вистина, зашто јас „MCM“ го напуштив во 1 часот и 45 минути, а пијачката за која ја добив оваа фискална сметка (види слика), ми беше предадена најмалку 30 минути порано, заедно со сметката.
Првата работа за која се штрекнав беше кога порачав пиво „Старо Прамен“, а ме послужија со точено пиво во смрдлива чаша, со изговор дека „флаширано“ „Старо Прамен“ нема. Потоа, порачав „Стела…“ и ме вознемири фискалната сметка.
Во „MCM“ вриеше од млади луѓе. Замислете само колку вакви временски нестабилни сметки биле посеани во просторот. Инспекција?
Дискусија
Братко, не си ни прв ни последен со ваквото лошо искуство, но најверојатно ти било прв пат (или барем сега си забележал) затоа што имало поделба на сметка,а замисли колку пати се поклопуват производите порачани од тебе и фискалните кои ги имаат од вчера, завчера ( со најчестите нарачки кафе, скопкско и слично кое го има скоро по 5 во еден час)
Мене ми се има случено да побарам фискална и на неа исто како и кајтебе да има пиво од 0,5 а пиев 0,33, ја вракјам сметката ама пред да ја вратам несакајки ја проанализирав и си ја сликнав онака незнам ни самиот, и одкога и ја вратив ми носи сметка со пиво 0,33 ОД СОСЕМ ДРУГ ЛОКАЛ, со час дата па и месец различна и мн далечна од тој ден. Сфатив дека сите фискални кои ги имаат од некаде некогаш собрано ги употребуваат секогаш и секаде. Добра пара лежои во тие превари кои ги прават. Праша за инспекција? Најчесто од самите нив и излегуваат ваквите ИДЕИ, а и да ги “fфатат” една добра гозба или плик во џебот многу работа врши :)
убаво вели одоздола на фискалната ЗА НАШЕ ДОБРО ( се мисли на инспекторите) :)
Se pustaat selektirano smetki i mu se dava fiskalna samo na onoj sto ke pobara, a se bara vo kupot na selektirani