За времетраењето на измачувањето со т.н. Попис 2011, бев наведен на размислување околу некои осетливи теми, што верувам дека би можеле да предизвикаат радикални промени во општественото уредување на Република Македонија и нови проблеми.
Имам неколку прашања, на коишто сум речиси сигурен дека има минимални шанси да добијам одговори, но сепак ќе ги поставам.
- Дали бројот на Албанците, што би биле попишани како државјани на Република Македонија треба да се постигне вештачки, односно дали постои одреден број на Албанци, што мора по секоја цена да биде регистриран?
- Ако се намали процентуалната застапеност на албанското население во Република Македонија, дали тоа значи дека во средините во коишто неговиот број ќе биде недоволен за да се обезбедат правата што произлегуваат од Рамковниот договор, Албанците ќе ги загубат привилегиите што ги стекнаа по потпишувањето на овој документ?
- Ако во Република Македонија реално не живеат толку Албанци, колку што треба да бидат попишани, тогаш која е основата на спроведувањето на проект „мултиетничко општество“? Не за друго, реализацијата на идејата чини многу пари, кои, наместо за повеќејазична бирократија и сл., би можеле да се пренаменат за помалку апстрактни проекти, како на пример: инвестиции во патна инфраструктура, одржлив развој, екологија, информациски технологии итн.
- Што ако бројот на Албанците во Република Македонија е драстично намален од минатиот попис? Дали тоа нешто менува?
- Како е можно толкувањето на законски акти да го прават лица што попишуваат, кога тие се само извршители по претходно зададени правила и по спроведена обука за попишување? Зарем тоа не е кривично дело за кое се одговара?
- Ако пописот се одложи за неколку месеци, дали тоа значи дека се остава простор албанските иселеници да ја посетат Република Македонија и со тоа да задоволат еден од спорните критериуми за попишување?
Супер би било, кога некој би одговорил.
Дискусија
Од независноста до сега, која комисија има поднесено колективна оставка? Јас неможам да се сетам на ниту една, а би сакал некој со референца да ме корегира. Се повикуваат на копии од лични карти, пасоши и така натаму… законот прецизно вели, сите што се подолго од 12 месеци надвор од државата, “одговорниот” во семејството може да ги попише со лична карта ИЛИ пасош, значи, двата документа меѓусебно се исклучуваат. [член 42, став 1, алинеја 1, подточка в, од Законот за попис]
Е сега, за да имаш пасош, МОРА претходно да поседуваш лична карта, што значи дека личната карта ќе ја оставиш пред да одиш на пат ИЛИ за пописот ќе ја пратиш (или во групна пратка) препорачано по меѓународна експресна пошта.
Прво се пушти бува, дел од коалицискиот партиски маркетинг, дека попишувачите од опозициските албански партии ќе го бојкотираат изборот, не спонувајќи го фактот дека за нивниот избор самите имаат конкурирано на конкурс… сега со оставката на ДПК, се спомнува бројка од 20.000 сомнитeлни пописни листови, а законот убаво си вели дека ПРАВО за утврдување на веродостојноста ја има заводот за статистика, “според утврдена програма и утврдена временска динамика”. ДПК исфрли заокружени бројки со минимум 2 нули и си даде оставка… сега бувата е во облик на законски измени.
ДЕБЕЛ популистички владин маркетинг за да опстане балансираниот STATUA QUO со 20-те проценти на рамковниот договор т.е. втора епизода од сагата “Ибар” на Џорџ Груевски! СДСМ направи фалсификат во 2002-ра, овие само го запечатија во свој стил!
.. сакав да кажам, за сите оние што се надвор од државата подолго од 12 месеци, “одговорното” лице во семејството може да го попише членот кој е отсатен со оригинал лична карта. Дури отпосле заводот за статистика по службена должност, АКО САКА, може да ги провери информациите за излез-влез од држвата.
Знаеш дека Македонија е земја во која некои прашања не заслужуваат одговор. ;-)
Да, има такви прашања, но дефинитивно ова не е едно од тие, посебно по расправата во парламентот и самата “транспарентна” медиумска покриеност од самиот почеток со досието “Ибар”. Вакви детски настани покажуваат колку ни е потребен колективен RELOAD!