Првин твитнав, па подоцна се сетив дека можеби посоодветно ќе беше да пишам напис…
Денес во „Песната стопан нема“, Игор и Арангел спомнаа дека ќе правеле некои стикери за КИКА и дека е потребно да се изработи официјално лого за хаклабот. Подолу е симболот што го предлагам јас, инаку инспириран од симболот на Helsinki Hacklab. Намерно велам предлог-симбол, а не предлог-лого, зашто кон изработка на лого би преминал, откако ќе го определиме финалниот симбол.
Потребно е мислењето на целата заедница, па ве поканувам на дискусија.
Сликата на Твитер е некако премногу компресирана и со намалена острина, па еве ја и овде уште еднаш, во размер 1:1 (зад врската).
Дополнување #1:
Дополнување #2:
Еве уште неколку предлози што се базираат на поедноставната варијанта од предлог-симболот бр. 2. Имам направено бројни мали измени, па сега симболот, а и логото воопшто, изгледа многу појасно при намалени димензии.
Имам одбрано 4 палети со бои, што ми се видоа применливи. Некои од симболите имаат 4, а некои 5 различни нијанси. Инаку, разликата помеѓу предлозите 3-1 и 3-2 е во подлогата — во 3-2 таа е соодинета, а во 3-1 поделена на два различно обоени дела.
Првите две палети се со помалку назначен контраст, во однос на вторите две.
Јас знам која варијанта мене најмногу ми фаќа око, но сега за сега ќе си молчам. :) Ги очекувам вашите коментари!
За зголемен приказ, кликнете на сликите.
Дискусија
Емисија за дигитална слобода :)
Ми се свиѓа некое решение како коло, не е потребeн да има буква „К“ барем според мене, али може да се напраи уше некоја комбинација со линиите и кругчињата.
Клучните зборчиња се: споделување, поврзување, електроника, хакирање, заедница.. шо знам.. не знам каков друг фидбек би ти бил корисен.. се надевам дека бар нешо корисно напишав. :)
поздрав.
Одлично.
Јас сакам да има уште една „exploded“ или како и да се вика верзија поголема.
Левиот празен простор да се рашири во должина на лево и во него да се вметне зборот хаклаб стилизиран или не сеедно.
Ми се допаѓа концептот на електроника, но тоа ја отсликува само едната страна на хаклабот, а тоа е хардвердскиот дел.
Таму се случуваат многу повеќе работи покрај хардверот.
Хакирање и лабараторија се клучните зборови, слобода и заземање за определени ставови на отвореност, пристапност.
Слободно знаење и пристап до знаење, истражување и испробување на нови концепти, технологии и техники.
Она што најмалку ми се допаѓа е употреба на буквата К, мислам дека ни требаат симболи и ознаки кои ќе ги отсликаат горе наведените категории.
Она што не би сакал да го има во симоболт/ логото е К, КИКА или било што со букви.
Многу би ми било интересно ако Гоце успееш да ја раскажеш приказната за КИКА на симболички начин преку логото.
Се слагам дека ова е итеративен процес, но сум подготвен да го поминеме заедно ако се сложуваш.
Голем поздрав,
Игор
Арангел, Глиша и Стама фала за досегашните коментари!
Написов е дополнет и со втор предлог-дизајн. Се надевам дека уште повеќе луѓе ќе се вклучат во дискусијата.
Вториот предлог-симбол е со нешто поконвенционален дизајн. Овој пат ставен е акцент на различните активности (претставени со кругчињата во различни бои) што се застапени во КИКА. Втората варијанта од дизајнот (во десно) става и дополнителен акцент на отвореноста на КИКА, преку проводниците (ако на симболот гледаме како на поедноставено ел. коло), што доаѓаат од сите страни.
Браво Гоце за иницијативата да се брендира хаклабот Кика.
Се согласувам со Игор за потреба од повеќесолјност на логото која опфаќа и други аспекти од работата на хаклабот.
Во втората верзија #2 на логото има подобрување на симоликите, но според мене, си стигнал до границата на презаситување со премногу детали, бои и елементи.
Треба да се работи на поедноставување, можеби помали кругчиња и помалку бои.
Интересно е што личи на најубата буква во кирилицата >>> #Ж :D
Голем поздрав и само продожи така!
Бане
Хаха… ништо без #Ж :D
Фала за забелешките!
Хм, работите стануваат уште поинтересни!
Гоце, а како ти изгледа ако го заротираме во просторот предлогот број 2, за да му се даде чувство на постоење во тродимензионалниот простор?
Што мислиш?
Ух, па не знам. Мислам дека тоа некако дополнително би го искомплицирало вториот предлог. Нешто сум позафатен деновиве, но ќе следува и трет предлог наскоро.
Ние немаме лого 2 и пол години, нема да ни направи разлика ако почекаме уште некоја недела. :)
Кога ќе бидеш послободен, ќе продолжиме.
Поздрав и одлична работа!
Здраво Гоце,
Го ставив логото за тестирање на две локаци каде што сакаме да го користиме. Мене ми се допаѓа и вака, сепак можеби ти сметаш дека треба некои поправки.
Види како изгледа, и што во кој контекст ќе треба да се подобри.
http://wiki.spodeli.org/Хаклаб
http://wiki.spodeli.org/Главна_Страница
Супер. Јас мислам дека треба да се прават поправки – да се подобри контрастот, да се одберат букви што ќе одговараат со симболот, да се отстранат непотребните елементи, доколку има такви, да се намали бројот на употребени бои и сл.
Ќе имам конкретни предлози деновиве…
Браво Гоце секоја чест за направеното, не ги видов коментариве до сега, се изначитав :)
Се согласувам со Бане за презаситеноста, ама ми се свиѓа и правецот и иницијативата што ја потегна.
Според мене, што повеќе се експериментира тоа подобро :)
КУДОС,
Владан
Фала Владан. Се согласувам.
Премногу си се затворил во таа идеја на хелсинки хаклаб. Сите варијации ти се Ж. Think outside the box. Предложи нешто различно, вака се бунам многу во овие варијации на Ж, навистина. Кои се дејностите на хаклабот? и зошто кика?
Кика е: Информации Култура Автономија
Сите предлози се несоодветни на организацијата која ја обележуваат. Слаба типографија, фетиш со иконите повторно. Се надевам не го усвоиле логото за употреба во КИКА.
Штo би рекле нашине от Охрид „НЕ ГО БИВЕТ МОРЕЕЕ„ :D
Поззз
Д