MaxFax користи чудна техника за да го оневозможи прикажувањето на трајните врски до сликите од нивниот веб-сајт.

Ако се обидете со десен клик и „View Image“ на било која слика, да ја отворите сликата во нов таб, нема да успеете. Наместо да бидете пренасочени кон новиот таб и во него да биде прикажана сликата што сте ја повикале, ќе ви се отвори прозорец за преземање на датотека со чудно име. Тоа се случува зашто MakFax криејќи го името и целосната патека до сликата, на мое големо изненадување, ви ја нуди на преземање самата слика.

преземање слика од MakFax

Ќе речете, па од каде ни нуди можност да ја преземеме самата слика, кога датотеката што ни се нуди за преземање не е слика?

Навидум, не станува збор за слика, но ако ја преземете датотеката и го промените нејзиниот тип (екстензија) во „jpg“, всушност ќе можете да ја прегледувате самата слика. Претпоставувам дека ова е така зашто, во заглавието, датотеката е дефинирана како „jpg“ слика.

слика од MakFax со погрешно заглавие

На тој начин можете и да ги видите во оригинална големина, минијатурните слики што MakFax ги поставува на сопствениот веб-сајт.

Претпоставувам дека MakFax со оваа техника, сака да ги заштити сопствените слики од употреба на други веб-сајтови и да ги ограничи корисниците да поставуваат врски до нив. Сепак ако некогаш имате потреба да го заобиколите овој механизам на заштита, сега знаете како.

Дополнување: Се чини дека, опишаната техника важи само во Mozilla Firefox. Во Internet Explorer и Opera, опциите за приказ на сликата во посебен таб се оневозможени, а пак во Google Chrome прикажувањето на сликата во посебен таб е без никакви пречки. Им отворив работа на MakFax, a?