Гледам дека на планетава упорно се греши при пишувањето на „сè уште“, па да потсетам… Не е „сеуште“ туку правилно е „сè уште“!
Тоа е една од правилните употреби на правописниот знак „надреден знак“.
- Надреден знак ( ` ) се става над самогласката е во кратката заменска форма нè (тој нè виде нас) и во прилогот сè (му реков сè) за да се разликуваат, на писмо, од негацијата не (не оди; тој не нè виде) и елементот се од повратните глаголи (тој се мие, се чешла).
- Надреден знак се става и над кратката заменска форма за женски род ѝ (ѝ реков нејзе) за разликување од сврзникот и: тој и јас; влезе и ѝ рече.
Извадок од „Правопис на македонскиот литературен јазик“ – Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, К. Тошев, Р. Угринова-Скаловска (XI изменето издание, 1992 година)
Кога ќе го пишувате следниот запис, потсетете се на претходниве две точки… ;)