Во моментов читам „Прирачник за изработка на бизнис план“ од Ѓорѓи Рафајловски и би сакал да го препорачам на сите што сметаат дека имаат потреба од вакoв тип на литература на македонски јазик.
<овде беше вгнездена верзија од книгата на Scribd />
Ќе се (обидам да се) воздржам од коментари во врска со тоа колкав #mkfail е всушност оваа книга и ќе ви препорачам убаво да се подготвите пред да почнете да ја читате.
Не се возбудувајте на неверојатно инвентивните печатни грешки, не правете „кисели“ лица на обидите на авторот да ве насмее, не се разочарувајте на, за момент, дрските обраќања од авторот и настојувате да се фокусирате на суштината на напишаното.
Причината заради која и покрај сè ја препорачувам оваа книга, се многубројните сосема издржани прашања, поставени на обработената тема.
Пријатно читање! :)
Дополнување: Бидејќи книгата е отстранета од Scribd, еве врска за преземање, што успеав да ја најдам на Wupload.
Дискусија
Книгата ја нема веќе, да додадеш нов линк?
Фала Горан! Записот е дополнет.
Не може да се симне книгата ни од вториот линк(Дополнување) пишува дека е само за лично ставање работи и бара лозинка и име дај закачи ја на некое место каде што секој ќе може да ја симне и директен линк до книгата да се преземе Поздрав
Почитувани,
Книгата веќе не е достапна во е-форма поради правата на издавачот…
Доколку сепак некој ја сака во електронска верзија може слободно да ми пише на: rafajlovski_83@yahoo.com.
Со задоволство ќе му биде испратена една копија од прирачникот.
Ѓорѓи, ви благодарам на коментарот. Но, нели сметате дека сепак е корисно, заради големиот интерес, книгата повторно да ја направите достапна преку Scribd? Доколку не сакате, не морате да дозволите преземање, но барем, направете ја достапна за читање.
Здраво Гоце,
Според договорот со издавачот, првичната дистрибуција на книгата како во електронска, така и во печатена верзија е целосно во нивна надлежност. Секое друго масовно комерцијално дистрибуирање би било прекршок на нивните права…
Сепак, доколку некому лично книгата му биде од корист за некомерцијални цели и потреби – слободно може да се обрати на мојот личен маил и ќе добие бесплатна е-верзија од истата.
Ви благодарам на појаснувањето. Сепак, не можам да се согласам дека дистрибуцијата преку Scribd би била комерцијална, зашто не би имало профит од ничија страна, доколку книгата биде достапна единствено за читање и без можност за преземање и печатење.
Но, сепак вие си знаете најдобро…