Цитат од „Пропуст во Рамковниот договор“ на Џејсон Мико:
Сега, сите знаеме дека ДУИ го форсира веењето на албанското знаме пред локалните избори за да му покаже на своето гласачко тело дека тие се „поголеми Албанци“ од другите албански етнички партии. И, според медиумските извештаи, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во еден говор изјавил:
„Ова е албанска територија. Овие знамиња ќе се веат со векови“.
Kако прво, тоа не е албанска територија. Тоа е Република Македонија, Ахмети го знае тоа и ако навистина верува дека тоа се албански територии, тогаш треба да му се суди за велепредавство, колку и да звучи тоа политички неизводливо. Некои аналитичари тврдат дека тој го прави тоа од маркетиншки предизборни причини. Но дури Ахмети и да користи предизборна реторика, некои будали – млади и стари – ќе ја земат здраво за готово изјавата „ова е албанска територија“ и така ќе се однесуваат. Тоа е неодговорно и погрешно и тој мора да престане да дава такви потпалувачки изјави.
Згора на сè, и повторно според медиумските извештаи, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, изјави дека: „Kако знак на меѓусебно почитување, сите граѓани на Македонија треба да ја споделат албанската радост и не треба да го отвораат прашањето дали е законски да се вее албанското знаме, бидејќи Албанците може да го сфатат тоа како провокација.“ Ти, Бујар, очигледно не го сфаќаш концептот на владеење на правото. Но тоа не ме изненадува, со оглед на тоа дека изјавата доаѓа од партија чии основачки членови почнаа војна против демократски избрана влада. Не Бујар, тоа нема никаква врска со „меѓусебното почитување“ за албанската радост, туку меѓусебното почитување на владеењето ја доведе во прашање законитоста на веењето знамиња? Провокација е да се постави прашање? Сериозен си Бујар?
Е, па сега, ѓаволот се врти да си го наплати долгот.
Знамињата – низ историјата – обележуваат доминација и сопственост. Затоа конквистадорите го поставувале шпанското знаме на секоја територија што ја освоиле за Шпанија. Затоа ОН ги истакнува знамињата на своите членки – зашто знамињата покажуваат дека тие земји се членки. Ова е неспорна вистина која ме тера да ги преиспитам мотивите на нашите албански пријатели кога инсистираат знамето на Република Албанија да се вее над македонските институции и над владините објекти. Среќен сум што Албанците – каде и да се – може да ја прослават 100-годишнина на Република Албанија и секако, имаат право на тоа. Но тоа што јас го сакам од нив – без оглед во која држава живеат – е да покажат почит и лојалност кон државата, без оглед дали е тоа Грција, Србија, САД или Македонија. Ако не можат да го направат тоа, тогаш јас не можам да им верувам.