Како и многу претходни лета, така и ова што во моментов го живееме, во скопската населба Радишани има рестрикции во снабдувањето со вода. Изминативе два-три дена, рестрикциите траат и по 8 часа дневно. Официјалното објаснување од ЈП Водовод и канализација е дека се испразнети резервите на вода. Не се знае, ни зошто, ни како дошло до тоа.
Проблемот со водоснабдувањето на Радишани е долгогодишен, а од година во година станува сè поголем, зашто има сè поголем број на новоизградени станбени објекти што се приклучуваат на постоечката водоводна мрежа. Населбата се шири и има сè помалку вода за сите. Настрана од тоа, постојан проблем е несовесното трошење на водата за пиење и нејзиното пренаменување за полевање на земјоделски, тревни површини и слично.
На темава имам пишувано многу пати претходно, а за жал и овој напис нема по многу да се разликува од претходните.
- Разговор со дежурниот инфо центар на Водовод и канализација
- ЈП Водовод и канализација за Радишани
- КПУ Водовод и канализација за Скопје
Кој треба да го реши проблемот со водоснабдувањето на Радишани?
- Петре Латиновски – градоначалник на општина Бутел
- Ицко Стојановски – Претседател на Управен Одбор (УО) на ЈП Водовод и канализација
- Сефер Саити – Заменик Претседател на УО на ЈП Водовод и канализација
- Никола Ангеловски – УО на ЈП Водовод и канализација
- Алајдин Алија – УО на ЈП Водовод и канализација
- Венцо Ристовски – УО на ЈП Водовод и канализација
- Благоја Неделковски – УО на ЈП Водовод и канализација
- Богдан Шкет – УО на ЈП Водовод и канализација
- Бранислав Митиќ – УО на ЈП Водовод и канализација
- Томе Савевски – УО на ЈП Водовод и канализација
- Милена Апостоловска – УО на ЈП Водовод и канализација
- Христо Аиновски – Претседател на Надзорен Одбор (НО) на ЈП Водовод и канализација
- Иљаз Бајрамов – НО на ЈП Водовод и канализација
- Даниела Штерјова – НО на ЈП Водовод и канализација
- Драган Тодоровски – НО на ЈП Водовод и канализација
- Благој Кекенов – НО на ЈП Водовод и канализација
Апелирам до новинарите почесто да пишуваат на оваа тема, со што би се зголемил притисокот на јавноста и конечно би се помрднале од мртва точка.
Ако не ви преставува проблем, споделете го написов по социјалните мрежи.