Нешто чудно се случува со интернетот на Телеком. Барем кај мене.
Навидум сè е во ред со брзината, но во конфигурацијата на рутерот друго пишува.
Чудно е и што преземањето преку HTTP е со многу сиромашна брзина (не повеќе од 25KB во секунда). Прелистувањето е исто така проблематично. Во Ubuntu преземањето на надградби (од македонското огледало на Он.нет) е исто така со многу ниски брзини.
Интересно е што кај еден мој пријател што користи MaxADSL, а не Call & Surf Comfort + брзината е всушност соодветна на таа што е наведена кај конфигурацијата на мојот рутер (брзина од 8Mbps). Не би ме изненадило да следува качување на брзината за корисниците на Телеком, само ме изненадува што проблемиве се провлекуваат речиси цела недела. Во Телеком се јавив и допрва уште ќе се јавувам.
Да не има некој слични проблеми како моиве?
Дискусија
Ja go imam istiot problem. Doma call and surf, batak brzina, u drugata doma maxadsl, shiba so 8Mbps bez problem.
Ист проблем со Макс 100.
Јас имам Call & Surf Comfort + во Охрид. Брзината ми е нормална, иако забележувам некое зголемување на пингот кон одредени сервери, на пример од 50ms на 250ms или 300ms.
Пакетов инаку е со 6 Mbps down-link, не со 8 Mbps, барем така стои на сајтот на Телеком.
Да.
Но и официјалниот MaxADSL пакет е со 6Mbps, па корисниците добиваат 8. Не сум сигурен дали е тоа случај, кај сите корисници на MaxADSL.
Кај мене е подесено на 6 Mbps. Ми се чини дека овие промени на полошо почнаа откако Телеком почна со нудење на MaxTV, но не знам дали се поврзани.
Јас скоро ставив MaxTV, и морам да признаам дека брзината што ја декларираат нема врска со таа што ја добиваш. TV-то работи одлично (барем сега), ама нетот е тиња. Кај брат ми е уште полошо.. Имаше MaxADSL 100, што шибаше ко будала, сега откако стави MaxTV, поспоро е од ретардиран голуб писмоносец. T-home треба сериозно да се посвети кон решавање на проблемиве, а не само да вадат безвезни муабети на техничка поддршка.
[…] што пред некое време го претпоставував, од денеска е и реалност. Се радувам што проблемите со […]