Иако нема типичен, а уште помалку „user-friendly“ интерфејс, сепак VLC е една од најдобрите апликации за репродукција на видео записи и во секоја наредна верзија е сè подобра. До пред извесно време не знаев дека VLC е и одличен транскодер, па си губев време со други апликации.
Во VLC рип на DVD се прави вака:
Посочување на изворот со Open Disk (Ctrl + D)
VLC располага со повеќе различни механизми на отворање или повикување на датотеки, но единствено со Quick Open не е дозволено да се прават дополнителни нагодувања на изворот. За рипување DVD, изворот ни е DVD диск, па затоа и најбрз избор е Open Disk или Ctrl и D oд тастатурата.
Извор DVD… дел тој и тој… запиши на хард диск…
Нагодувања на излезниот „stream“
„Play locally“ е услов за репродукција на транскодираниот видео запис од хард дискот. Поедноставно кажано, оваа опција ви овозможува да го гледате филмот/видео материјалот додека тој се рекомпресира/транскодира.
„File“ се означува за се одреди апсолутната патека на датотеката во која ќе се запишува, при што важно е да се знае дека екстензијата има директна врска со „Encapsulation Method“ подолу. Логично „mpg“ датотека ќе може да има еден од трите MPEG методи на инкапсулирање (затворање)… „mp4“ датотека = MP4 инкапсулација… Quick Time „mov“ датотека = MOV инкапсулација итн.
Video codec:
mp4v = mp4 компресија
Bitrate = квалитет на транскодираниот видео материјал (1024kbps=DVD рип на 2 CD-a | 512kbps=DVD рип на 1 CD)
Scale = големина на излезната слика (1=оригинална големина | 0,5=половина помали димензии на излезниот видео запис)
Audio codec:
Audio codec = тип на аудио компресија
Bitrate = квалитет на транскодираниот аудио материјал
Channels = број на канали на зачуваниот аудио запис (2=стерео | 6=5.1 surround)
Враќање во првобитната состојба
Ако по рипувањето не се деактивира опцијата Stream/Save, на повторно отворање на датотеката т.е. DVD дискот, ќе се почне со транскодирање отпочеток, што ќе значи и трајно губење на претходно конвертираниот видео материјал.
Транскодирањето трае толку колку што и трае филмот, т.е. видео материјалот. Ако настанат било какви грешки при транскодирањето, тие исто така ќе бидат присутни и на излезниот видео запис. Затоа препорачано е додека се транскодира, компјутерот да не се оптоварува со други „тешки“ задачи.