Вчерашната драматична изјава на овој господин и општото однесување на „граѓаните“ на протестот на стечајците се за секаков прекор. Како не разбирате дека со тоа што денес попречувате нечие право, одобрувате во иднина истото право да ви биде вам попречено?
Кога човеков вели: „Јас за тоа господине не сум крив што вие немате пари!“ покажува дека е збунет. Виновен сте господине вие, виновен сум јас, виновни сме сите што упорно замижуваме пред неизвесноста, ја губиме човечноста, ја славиме себичноста.
- Зошто на стечаецот би му било гајле што вие сте со дете во автомобил, а вас не ви е гајле што тој нема ни автомобил?
- Зошто е срамота што во моментот не можете да стигнете до вашата цел, а не е срамота што вие директно ја оспорувате туѓата цел?
- Зошто барате отстапки, кога отстапки не правите?
Штом овие луѓе дошле да ги бараат сопствените права на вака недостоинствен начин, значи дека немаат подобар избор. Не значи дека се одлучиле на ваков чекор за да им прават штета на своите сограѓани. На стечајците им треба внимание, а не игнорирање.
На полицијата не и е работа да ги покори стечајците, туку напротив, да ги заштити и да им овозможи да ги остварат сопствените права. Само полицијата (една од најдобрите на светот), како и обично не си ја работи сопствената работа…
Дискусија
„Штом овие луѓе дошле да ги бараат сопствените права на вака недостоинствен начин, значи дека немаат подобар избор.“
Bollocks! Има сигурно подобар начин да се изборат за своите права одошто да застануваат на сред улица и да блокираат сообраќај. Сигурно има и подобар начин од дремење пред влада или собрание. (намерно напишани со мала буква btw)
Убаво се слуша дека нервозниот граѓанин вели „Ве замолив убаво да си поминам, протестирајте колку сакате“.
Која е фукинг поентата да застанеш на сред улица и да блокираш пат? Зошто би го направил тоа, за да бараш внимание? Ако секој има право на протести, тогаш секој има и право на слободно поминување. Можеби човекот не се слага со тоа што тие протестираат. Можеби нема појма зошто тие протестираат, бидејќи никој не се ни обидел да објасни за што тие протестираат.
Има и други начини и форми за протести и ширење идеи, од само блокирање на улици со цел да демонстрираш дека „ако не не чуете, ќе правиме проблеми“.
Eве и конкретен пример како се протестира мирно, упорно и со зададена цел. http://www.time.mk/cluster/8e269c1004/profesionalnite-vojnici-na-protest-pred-vladata.html
@VIKTOR
Има сигурно подобар начин да се изборат за своите права одошто да застануваат на сред улица и да блокираат сообраќај.
подобар избор != подобар начин
Плус, луѓето протестираат со години. Сигурно пробале да искористат многу други легитимни начини за да се изборат за сопствените права.
Која е фукинг поентата да застанеш на сред улица и да блокираш пат?
Па, по дома ли да протестираат?
Ако секој има право на протести, тогаш секој има и право на слободно поминување.
Протестот е пријавен и полицијата треба да ги затвори улиците за сообраќај, притоа не дозволувајќи да доаѓа до судири помеѓу луѓето што протестираат и тие што не протестираат. Значи, полицијата го регулира сообраќајот и го овозможува слободното поминување.
Можеби нема појма зошто тие протестираат, бидејќи никој не се ни обидел да објасни за што тие протестираат.
Зошто не ги праша зошто протестираат?
Eве и конкретен пример како се протестира мирно, упорно и со зададена цел.
Тоа што полицијата не се грижи за редот и мирот во текот на протестот, допринесува за растење на тензиите и го создава впечатокот дека, некој тука нешто насилно сака да издејствува.
Ok во линкот што го даде за протестите – http://en.wikipedia.org/wiki/Protest#Forms_of_protest – , кажи ми еден од линкови каде се наведува дека се протестира блокирајќи рандом улица во рандом место од град.
Имаш протестен марш, што е легит движење до релевантното место. И имаш Picketing – a form of protest in which people congregate outside a place of work or location where an event IS TAKING PLACE.
Уште еднаш – Која поента 2 ЧАСА да стоиш на сред Партизанска. Слушни ја изјавата на протестантите на крај – „Намерно биле оставени на милост и немилост на разлутените водачи.“ Што не се помрднале откако виделе дека нема поента на сред пат и да отидат пред влада, собрание или некое друго весто каде можат ЈАСНО И ГЛАСНО да си го кажат тоа што протестираат.
Велиш „Зошто не ги праша зошто протестираат?“ а зошто тие не објаснат зошто протестираат? Тие не се таму за да одговараат прашања, тие се тие што треба да пренесат порака. Во овој случај, погрешно пренесена порака.