Денес на вести се изнагледав возрасни луѓе што имаат изгубено многу во животот, од истата држава за која го дале животот. Некој дал повеќе, некој помалку. Важно е што сите на свој начин учествувале во градењето на ова вечно настинато општество. И сигурен сум дека да знаеле како да го оздрават, одамна ќе го направеле тоа.
Навистина ми е жал што колективната свест ни е на многу ниско ниво и би сакал да поставам неколку прашања.
- Зошто богатите граѓани не излезат на протести со своите сограѓани – стечајци?
- Зошто граѓаните не излезат да се буткаат гради в гради со полицијата кога најголем дел од нив се незадоволни?
- Зошто не сакаме да разбереме дека денешните осакатени млади генерации за 30 години ќе станат исто така стечајци ако нешто, денес не се преземе?
- Зошто никому не му е гајле за никого?
- Зарем сиромашните граѓани не заслужуваат повеќе од тоа што денес го имаат?
- Зарем богатите граѓани никогаш не биле сиромашни?
- Зарем уште ни се потребни убедувања во тоа дека политичарите се такви какви што народот ќе ги направи?
Сакам следниот Премиер на Република Македонија да биде образован, доблесен, искрен човек, што ќе умее да разбере во што се состои улогата што ја презема.
Дискусија
Зошто сите сакаат да бидат богати?