Не можам да разберам, од каде доаѓа леснотијата со која државните институции се правдаат за своите катастрофални грешки во работењето. Вие, да не сте полуделе?
Последната голема глупост е: Основен суд: Судот не знаеше за бременоста на притвореничката
Се чини дека за судот сè е во ред, додека не се искомплицираат работите. Па, потоа тој се потпира на официјални писмени поднесоци и безвредна хартија.
Зарем тоа што жената не пријавила дека е бремена, ја прави помала, штетата што таа ќе ја претрпи со загубата на плодот? Зарем тоа ја ослободува од одговорност надлежната институција или орган? Па уште и да не се манипулирало со јавноста? Мислам дека Основниот суд е тој што сака да манипулира со јавноста, а не медиумите што известуваат за трагичниот случај.
Да работеше судот независно, уште при првиот преглед на бремената жена, ќе применеше сосема разумно решение и ќе обезбедеше соодветни услови за затвореничката, за којашто патем, сè уште се истражува дали учествувала во затајување на данок. Вака, само се потврдува дека некои одлуки се наложени и мора да бидат спроведени без оглед на околностите.
Не знам, можеби ова е уште еден обид да се дисквалификува судската власт во земјава, од некој со многу бујна фантазија и зафркнат мозок.