Доколку некогаш имате потреба од туристички аранжмани за Египет, во никој случај немојте да помислите на туристичката агенција „Фибула“. Не верувам дека состојбата во останатите туристички агенции во Македонија е драстично поразлична, но бидејќи услугите на „Фибула“ лично ги искусив, за нив и ќе пишувам.
Што може да ви понуди „Фибула“?
- лаги;
- недоречености;
- празни ветувања;
- превисоки цени;
- необучени водичи;
- непрофесионална услуга;
- прескапи факултативни излети/посети.
Како тоа изгледа во пракса?
- сте платиле за „all inclusive“ аранжман – ве сместуваат во хотел, во кој треба да си ги плаќате пијалоците (вклучително и водата);
- сте платиле за хотел со четири ѕвезди – ве сместуваат во хотел што едвај заслужува две;
- на ден пред поаѓањето, авионскиот лет се одложува за неколку часа – со тоа наместо напладне, на туристичката дестинација, стигнувате навечер;
- вашиот туристички водич е незаинтересиран за вас – потребно е да се изложувате на дополнителни трошоци, за да стапите во контакт со него;
- редовната програма за посети на знаменитости и популарни локалитети е толку многу набиена, што се претвора во прежувување, наместо во уживање.
- вашиот туристички водич не знае да зборува македонски јазик, итн.
Никогаш повеќе со „Фибула“!