Цензурирањето на говорот на омраза, не го оневозможува неговото постоење!

Што е важно дали ќе бидат избришани проблематичните пораки, кога свеста на луѓето што ги напишале, ќе остане иста? Спречувањето на говор на омраза на Интернет, е однапред изгубена битка.

Нереди на скопското Кале

фото: Сител

Проблемот, се разбира, е многу, многу поголем, зашто подразбира иницирање на промени во свеста на луѓето што повикуваат на физички пресметки, убиства, божемска одбрана на својата земја.

Жално е што деновиве и директно се покажува дека, сите животи што беа изгубени во конфликтот во 2001 година, биле изгубени залудно. После конфликтот не е подобрено меѓусебното разбирање, туку напротив е зголемена поделеноста, поларизираноста на општеството. Единствено што се менува, е актуелната позиција на едни те исти политички фигури.

Наместо да се почне разговор за проблематичните прашања, како и секогаш, се остава деца да ги решаваат проблемите, што е сосема очекувано, зашто ниеден од актуелните политичари нема храброст да понесе одговорност за последиците од сопственото владеење.

Навистина е тешко да се прифати дека во денешно време некој сè уште освојува територија, што инаку е веќе негова.