Почитувани сограѓани на оштина Чаир,
Ве молам, научете дека:
- десната лента од коловозот не служи за паркирање на возила;
- десната лента од коловозот не служи за претекнување;
- во левата лента од коловозот не се движат автомобили што ги управуваат малоумни, мрзеливи и плашливи сограѓани, туку напротив, сограѓани кои избираат да не бидат дел од тензијата што се генерира во десната – маневарска – лента од коловозот;
- трепкачите („жмигавците“) на автомобилите служат за сигнализација и сосема е нормално и очекувано да ги употребувате кога се исклучувате и вклучувате во сообраќајот. Исто така, трепкачи е потребно да употребувате кога правите најразлични движења за кои не можете да очекувате да бидат „прочитани“ или предвидени од страна на другите учесници во сообраќајот;
- сосема е во ред, да му дадете предност на некој сограѓанин – исто така, учесник во сообраќајот;
- бескрајно примитивно, е да се лутите, да се навредувате и да се расправате кога некој сограѓанин ќе ви свирне побрзо да го движите вашето прекрасно Бе-Ем-Ве, и конечно,
- Чаир не е на локалните шерифи, што се на целодневен престој по локалните кафани, туку е на граѓаните. А, граѓаните, еднаш и засекогаш треба да почнат да кажуваат кога нешто им пречи.
Ми пречи што, секогаш кога поминувам низ Чаир, морам да бидам сведок на безредие, некултура, селанство, насилство и фашизам.
Дискусија
А демек ова само во Чаир го има “безредие, некултура, селанство, насилство и фашизам”, ??!! А шо сакаш да кажеш со фашизмот ??
@дИМЕ
Никаде не реков дека само во Чаир го има ова. Кажувам што е тоа што мене секојдневно ми пречи во Чаир. А, што ако го има и на друго место?
Кога велам фашизам мислам на „правото“ (читај личен избор) на одредени поединци да се однесуваат авторитарно и да влијаат на секојдневниот живот во општината.
Истиве симптоми на (не)култура ги има насекаде во Скопје. Она што е фашистичко (едно симболичко ниво) е самото посочување на Чаир како пример.
@дИМЕ Како е тоа фашистичко?