Да ми кажеше некој за овие работи, веројатно немаше да склучам договор со One на 24 месеци. #BadLuckМакедонец за мене, информации за сите останати:
- Ако склучите договор на крајот од месецот, во сметката за следниот месец ќе ви биде наплатена претплатата за првиот месец од TOTAL. Да, претплатата се наплатува однапред и кога прашав во One за ова, во Веро Центар, ми рекоа дека било легално.
- Бесплатните минути се распределуваат пропорционално, што значи дека ако имате 200 минути на располагање во месецот кон сите мрежи и не ги искористите, при крајот на месецот нема да имате да доискористите 200 минути за разговор, туку 6,67 минути, по бројот на денови до крајот на месецот. Ако до крајот на месецот преостануваат уште три дена, тоа се вкупно 20 минути за разговор. Ако ги потрошите бесплатните минути пред крајот на месецот, сите разговори потоа ќе ви бидат наплатени по цените предвидени во вашиот тарифен модел. Да, ќе треба да броите уште колку минути ви остануваат од бесплатното време, ако не сакате да плаќате екстра.
ПОЈАСНУВАЊЕ ОД ONE: Пропорционалноста на минутите не е сведена на дневно ниво, туку на тотал активни денови во месецот. Сакам да кажам, ако се активираш на пола месец, наместо 200 ќе добиеш 100 минути, кои ако сакаш можеш и во еден ден да ги потрошиш, наместо да внимаваш на 6,67 минути дневно. - Ако ви следува Субвенција како бонус за лојалност и склучите договор за некој модел на TOTAL при крајот на месецот, а се одлучите бонусот да го искористите за плаќање на месечните сметки, субвенцијата нема да ви биде одобрена до почетокот на наредниот месец. Значи, ако сте склучиле договор кон крајот на ноември, бонусот ќе ви биде одбиен од месечната сметка за декември. И покрај тоа што во договорот за субвенција стои дека: „Субвенцијата важи од денот на потпишување на истата.“
Дали вреди да склучите договор за TOTAL на 24 месеци? Најверојатно не. Разгледајте ги понудите на другите оператори и не паѓајте на евтини финти.
Дискусија
нема врска
како кога ке си пратиш порака колку минути ти останале ти пишува точно