„9“ ме разочара. Навистина очекував повеќе од долгометражниот анимиран филм. Кога првпат го видов краткометражниот филм во 2005 година, бев фасциниран од концептот, приказната и атмосферата во филмот. Денес, гледам дека тие елементи, во меѓувреме, претрпeле драстични измени заради кои „9“ се претворил во потпросечна приказна за мали деца. Мислам дека, во денешно време, ни малите деца не сакаат да гледаат приказни што се повторуваат толку често, што стануваат бескрајно здодевни.
Долгометражниот филм е некако посветол. Претпоставувам дека баш поради тоа, анимацијата изгледа поевтино – ѝ се гледаат повеќе маани. Со тоа што ликовите зборуваат, во целост е уништена непредвидливоста на филмот. Сите „нови“ ликови се целосно безлични. Многу малку се знае зошто е таква состојбата во околниот свет, што би можело да ја промени, или пак зошто постојат платнените куклички? Исто така, не мислам дека Shane Acker е добар во раскажување на долги приказни.
Како и да е, сè уште ми се допаѓа концептот со платнените куклучки, особено објаснувањето за тоа, како тие ја добиле својата душа.